„Јас најавив пред извесно време дека сакам да се вратам на мојата професија и да се посветам на стручна работа!

Објавил: Владо Марин | 19 август, 2020 19:43

Рената Дескоска нема да биде министерка, Дамјан Манчевски го презема МОН

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Актуелната министерка за правда од редовите на СДСМ, Рената Дескоска, во изјава за ТВ 24 потврдува дека се повлекува од извршната власт.

„Јас најавив пред извесно време дека сакам да се вратам на мојата професија и да се посветам на стручна работа. Секако, Владата, премиерот Заев и кој и да е новиот министер за правда ќе ја имаат мојата целосна стручна поддршка“, вели Дескоска.

Дескоска е автор на повеќе книги, делови од книги и други научни публикации!

Рената Дескоска е родена во Скопје, на 3 мај 1972 година. Основното и средното образование ги завршила во Скопје, со континуиран одличен успех при што била прогласена за првенец на генерацијата.

Во 1994 година дипломирала на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, со просечен успех 9,55. На истиот факултет, во 1997година ги завршила постдипломските студии со просек 10 и магистрирала на тема „Типови на извршна власт“. На 18 октомври 2002 година, таа докторирала на Правниот факултет во Љубљана, каде ја одбранила дисертацијата на тема „Конституционализмот, уставите и човековите права, со посебен осврт на Република Македонија“ (Constitutionalism, constitutions and human rights, with case study of the Republic of Slovenia and the Republic of Macedonia), со што станала доктор по правни науки.

По дипломирањето, од 1995 до 1998 година била ангажирана како демонстратор на Правниот факултет во Скопје, каде во 1998 година била избрана за асистент, а во 2003 година во звањето доцент. Потоа, во 2008 година била избрана во вонреден професор, а во 2012 година станала редовен професор во областа на уставното право и политичките системи.

Рената Дескоска живее во Скопје и е омажена за Тони Дескоски, професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести