„Та Неа“: Утре се очекува да има брзи промени во преговорите за името на Република Македонија

Објавил: admin@magazin | 6 јуни, 2018 16:19

Република Северна Македонија без превод, решение за кое до утре Заев треба да се изјасни

Фото/Текст извор: ©Нетпресс

Според информациите на грчкиот весник „Та Неа“ утре се очекува да има брзи промени во преговорите за името на Република Македонија.

Одговорот на Зоран Заев дали прифаќа конечниот грчки предлог што беше договорен во Њујорк, меѓу Димитров и Коѕијас ќе го покаже патоказот во текот на случајот.

Како што пишува грчкиот весник доколку одговорот биде позитивен, тогаш Заев ќе има телефонски разговор со грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Доколку пак Македонија не даде позитивен одговор во текстот се вели дека тогаш преговорите ќе пропаднат и двете земји ја пропуштаат шансата да најдат договор, особено во ова време.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Македонија