Од ВМРО ДПМНЕ денеска ја повикаа Димова да си поднесе оставка а институциите да ги истражат сите сомнителни случаи.

Објавил: Владо Марин | 12 октомври, 2020 15:39

Димова: Пресот за утре го планирав и пред прозивката од премиерот Заев

Фото/Текст извор: ©канал 5/Магазин.мк

Националната агенција не финансираше фризерница (иако и тоа е дозволено и се правело во минатото), туку го финансираше претпријатието „Вредност на европско знаење“, чијшто скратен назив е В.Е.З. Трејд!

Директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Лидија Димова во разговор за Канал 5 најави дека утре на прес конференција ќе ги образложи распределбите на пари што во јавноста предизвикаа реакции и сомнеж.

Вели дека и претходно планирала да излезе со целосно објаснување, а не дека најавата доаѓа по прозивките на премиерот Зоран Заев да ги презентира сите детали околу распределба на пари. Во меѓувреме преку соопштение од Агенцијата, Димова за пишувањата во медиумите дека скопска фризерница преку Еразмус плус програмата преку неколку грантови добила 270 илјади евра, наведува дека:

-Националната агенција не финансираше фризерница (иако и тоа е дозволено и се правело во минатото), туку го финансираше претпријатието „Вредност на европско знаење“, чијшто скратен назив е В.Е.З. Трејд. Исто така не е точен наводот дека Вредност за европско знаење, односно В.Е.З. Трејд не постои во Централниот регистар на РСМ. Седиштето на оваа фирма е токму на адресата, каде по некоја случајност во овој момент се обавува фризерска дејност, бидејќи лицето кое го користи тој локал ја обавува таа дејност.- Национална агенција за европски образовни програми и мобилност.

Со свое образложение излезе и сопственикот на фирмата В. Е. З. Трејд Зоран Златковски кој во пишана изјава вели дека е обучувач и консултант, а грантот не го добила фризерницата туку фирмата која има поширока дејност.

Од ВМРО ДПМНЕ денеска ја повикаа Димова да си поднесе оставка а институциите да ги истражат сите сомнителни случаи.

Освен грантовите за фризерницата, на социјалните мрежи се појавија и информации за финансирање на проекти како финансирање тренирање хрватско магаре и хрватски липицанер за што средно земјоделско шумарско училиште во Кавадарци добило 83 илјади евра. Во своето објаснување од училиштето Ѓорче Петров наведуваат дека немаат фарма за животни за да ги реализираат практичните часови за сточарство, затоа предложило свој проект за обука на ученици и наставници во Иваниќ град во Хрватска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести