Но, што да се очекува од шефови на дипломатија, кои беа јавно објавени во документите на Викиликс како шпиони на други влади што одработуваат за туѓи интереси!?

Објавил: Перо Милчин | 17 ноември, 2020 16:33

Референдумот беше за НАТО-вска Северна, а не за Европска Македонија

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Денешното неусвојување на преговарачката рамка од страна на Советот на ЕУ претставува тотален пораз и фијаско за килавата македонска дипломатија.

Изминативе триесет, а особено последните три години,сведочиме единствено порази на меѓународно ниво, преточено во откажување од тешко стекнатото право на самоопределување како и ревидирање на историјата, уривање на АСНОМ-ските темели, па се до баналности како брусење шахти за фамозниот датум за влез во ЕУ, кој 30 години никако да пристигне!

Иако уште во 2018 година позициите на бугарските власти беа јасни, како што истакна самата Захариева, сепак корумпираната власт на СДСМ манипулирше, спинуваше и ширеше дезинформации дека последната пречка за влез во ЕУ е откажување од нашето Уставно име.

Како за македонската дипломатија да не пристигнала изјавата на претседателот на Бугарија, кој во август 2018 година во изјава за медиумите побара анекс на склучениот Договор за добрососедство.

Но, што да се очекува од шефови на дипломатија, кои беа јавно објавени во документите на Викиликс како шпиони на други влади што одработуваат за туѓи интереси!?

Како и со Преспанскиот Договор, за кој премиерот Заев изјави дека „на граѓаните ќе им биде непријатно ако знаат за што гласаат”, така и преговорите со Бугарија се одвиваа без никакви информации за македонската јавност, со празни и полудефинирани позиции на македонската дипломатија, а за шовинистичките барања на официјална Софија граѓаните беа информирани од бугарските и странските медиуми.

Иако платените новинарски пера и (не)зависните невладини организации се обидуваат одговорноста да ја прелоцираат кон официјална Бугарија, единствениот виновник за денешното вето се режимските политики на СДСМ, кои во обид да приграбаат уште некој ден на власт, ветуваа секакви компромиси и отстапки пред “меѓународниот фактор”!

Сиот овој период на транзицијата, некритички пристап кон ЕУ (НАТО) интеграциите, порај тоа што ги срози и погази националните интереси на државата, ваквата сервилност парарелно и го придуши целиот човечки, финансиски и институционален потенцијал, кој постоеше во рамките на државата, како неопходност за изградба на свои засебни капацитети врз кои би се втемелил суверенитетот, територијалниот интегритет како и сето она што представува државност на една независна и суверена Република Македонија.

Таканаречените евро-атлантски интеграции беа само изговор на владеачките елити за нивните лоши политики, корупцијата и отсутвото на било каква визија. Едниствено водени од бизнис интересите, тие ја урнисаа и потчинија Македонија.

 

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

 

17 ноември, 2020

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести