СДСМ трагикомично соопшти дека поради оптимизмот на инвеститорите дека референдумот ќе помине, паѓаат акциите на македонската берза, само не кажа каде видела инвеститори?

Објавил: Мирко Бачиќ | 4 октомври, 2018 9:09

Референдумот единствено ја “падна” берзата за 2.3%

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Берзата не остана имуна на неуспешниот референдум. Власта тврди дека оптимизмот на инвеститорите падна, а тоа повлече и пад на акциите.

Ден по референдумското изјаснување вредноста на акциите се намали за 2.3%. Вчера имаше благо поткревање, но денес имаме повторен пад.

Берзанските аналитичари велат дека поради политичката неизвесност се уште преовладува и неизвеснот на пазарот на капитал.

Реакцијата на пазарот на капитал беше очекувана со огледа на тоа што пред одржувањето на референдумот имаше зголемен оптимизам со очекување дека исходот од референдумот ќе биде позитивен и Македонија ќе се придвижи во тој процес на евроатлански интерграции, но поради исходот, првата реакција беше негативна. – вели Горан Марковски.

Падот на вредноста на акциите некои инвеститори го искористија за брзо купување, па берзата забележува раст на прометот. Аналитичарите велат дека Македонија со години е во период на политичка нестабилноста која негативно се одразува врз плановите на компаниите иако тие годинава покажуваат добри резултати.

Но како ќе реагира берзата доколку оваа есен во Македонија има предвремени избори.

Прашањето не се изборите, туку евроатланската перспектива, дали ќе имаме или ќе немаме таква перспектива. Доколку одиме по тој пат, ќе имаме динамизирање на економскиот раст во наредниот паериод и зголемување на профитабилноста на компаниите. – вели Марковски.

Македонската берза во првата половина од годинава бележи зголемување на прометот од 182 насто. Фирмите кои котираат за осум месеци оствариле вкупна нето добивка од 140 милиони евра. Рекордери во профитот се банките кои за шест месеци остварија 90 милиони евра.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...