Заев со признавањето на референдумскит пораз, ја обедени опозицијата, ги налути "спонзорите" од Запад и ги разбуди националистичките барања на албанските партии

Објавил: Мартин Попоски | 11 октомври, 2018 8:53

Референдумот пропадна, уставните измени се партиска а не правна одлука

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Премиерот на Македонија и претседател на СДСМ, Зоран Заев, често говори дека не е политички поткован како доаѓа од бизнис заедницата и тоа е очигледен факт.

Факт е и дека единствениот разумен “правник” околу него, професорката Рената Дескоска, остар критичар на политиките на сопствениот претседател и премиер, како е актуелен министер за правда, се оградува од неговите лаички интерпретации на законите, Уставот на Македонија и Деловникот за работа на Собранието.

Така вчера претседателот на СДСМ Заев до декласираше премиерот Заев со изјавата дека по објавата на референдумскиот статус во Службен весник на Република Македонија, повеќе од јасно е дека референдумо пропаднал.

Што тогаш Заев ја убедуваше македонската јавност но и спонзорите од Запад дека референдумот е успешен затоа што тие што излегле да гласаат, колку се – толку се, сепак во 90 отсто гласале “за”?

По изјавата и на идеологот на СДСМ, Фрчкоски, иден амбасадор на Македонија во ОБСЕ во Виена, Австрија, дека референдумот и правно и технички пропаднал, што чека шефот на македонската дипломатија,Никола Димитров со ветената оставка?

Реакции по вчерашната изјава на Заев доаѓаат и од Западните спонзори. Поточно од САД, ЕУ и НАТО со отри тонови на критика дека не смеел да го признае поразот. По ова уследиле две реакции на македонската политичка сцена.

Опозиционата ВМРО – ДПМНЕ со своите 42 пратеници, СП со своите три, пратениците од ГРОМ и Српската партија се обединија во ставот дека по ниту една цена или политичка одлука нема да поддржат уставни измени. 

На Заев му останува можноста да (п)откупи само 1 пратенички глас. Со тоа ќе му недостигаат 10, како двотретинско мнозинство не е 80 туку 81 пратенички мандат од 120 члениот законодавен дом.

Втората реакција доаѓа од партиите од албанскиот политички блок, кои по се поизвесните избори, на Заев му подготвуваат надградена Тиранска платфора со уште 10 барања кои ако сака воопшто да биде иден мандат ќе мора да ги потврди дека ќе ги поддржи пред изборите.

Останува моралната и етичката страна на политичката лага на Заев дека референдумот е успешен, но за тоа ќе пресуди електоратот на предвремените избори за пратеници.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести