ВКУСНА РЕФОРМ ТОРТА!

Објавил: admin@magazin | 10 февруари, 2022 8:36

РЕФОРМ ТОРТА

Фото/Текст извор: ©migusto.mk

Тората е еден вид леб или храна слична на лебот. Во поново време, тоа најчесто претставува благ, печен десерт збогатен со најразлични состојки.

Порано, тортата всушност претставувала печен леб или чизкејк и имала тркалезна форма. Тешко е да се одлучи дали една храна може да се класифицира како леб, торта или колач.

Вкусна реформ торта подготвена со чоколадо! Одличен десерт за вашите пријатели.

Состав:

12 белки (за корите)
12 супени лажици шеќер (за корите)
3 супени лажици брашно (за корите)
300 г мелени ореви (за корите)
12 жолчки (за филот)
10 супени лажици шеќер (за филот)
250 г путер (за филот)
100 г чоколадо за готвење (за филот)

Подготовка: 

1. Загрејте ја рерната на 180 степени, 6 белки и 6 лажици шеќер изматете ги цврсто.

2. Во сад за мешање додадете 150 г мелени ореви и 1,5 лажица брашно и нежно, но добро промешајте со лажица.

3. Распоредете ја смесата во тавче за печење (од рерна) врз хартија за печење и ставете ја кората да се пече околу 15-20 минути (проверете со чепкалка да ли е готова).

4. Додека кората е уште топла, внимателно одлепете ја хартијата, исечете ги ивиците и поделете ја на два дела. Претходните чекори повторете ги уште еднаш за да добиете 2 кори. Оставете ги да се оладат убаво.

5. Сите жолчки ставете ги во подлабок сад за матење, и матете со миксер постепено додавајќи 10 лажици шеќер. Кога смесата ќе стане густа и бледожолтеникава, префрлете ја во тенџере и варете ја на пареа околу 17-18 минути со постојано мешање.

6. Настрана изматете го путерот со миксер и додадете го растопеното чоколадо. Убаво промешајте, а потоа додадете го во смесата со жолчки додека е уште топла (но не врела).

7. Оставете го филот малку да се олади, а потоа филувајте ја тортата. Можете врз секоја кора да испрскате малку млеко пред да го ставите филот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.