Овие мали слатки чоколадни топчиња ќе ве натераат да мислите на нив додека не ги изедете до последно.

Објавил: Катерина Крстиќ | 5 декември, 2019 22:06

Рецепт: Божиќни лижавчиња готови за неколку минути

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Престојните празници носат посебна еуфорија во домот. Секоја домаќинка сака трпезата да и изгледа беспрекорно а секако, тоа не може да се случи доколку не се послужи нешто благо направено од рацете на домаќинката.

Овие мали слатки чоколадни топчиња ќе ве натераат да мислите на нив додека не ги изедете до последно.

Лижавчињата-колачиња или уште „cake pops“ ќе донесат многу радост во домот особено оради нивното шаренило.

Божиќни лижавчиња од мелени бисквити што ќе ги развеселат и возрасните
Лижавчињата-колачиња или уште „cake pops“…

Колачињата на стапче се омилени на дечињата но верувајте дека и гостите ќе се заљубат во нивниот вкус. Овој креативен десерт, може да биде украс на вашата празнична трпеза.

Идеа плус доколку сакате да ги изненадите гостите, завиткајте ги во проѕирен целофан и заврзете со панделки во раслични бои, кои ќе дадат посебен шмек. 

Убаво кај овој десерт е тоа што е многу лесен за подготовка и не треба да сте голем уметник за д аможе да ги декорирате.

Верувајте божиќните лижавчиња се вистински избор за празничната трпеза.

Потребни состојки за божиќните лижавчиња:

  • 150 г чоколадо за готвење
  • 50 г путер (на собна температура)
  • 150 г мелени бисквити
  • 2 лажици рум (може да го замените со екстракт од ванила ако ги подготвувате за деца)
  • 2 лажици кафеав шеќер

За украсување:

  • 200 г бело чоколадо
  • 180 г темно чоколадо
  • шарени трошки, прехранбени светки, бисерчиња, ѕвездички итн.
  • дрвени стапчиња за раженчиња или пластични стапчиња

Начин на подготовка:

Мелените бисквити, омекнатиот путер на собна температура, растопеното чоколадо, румот и кафеавиот шеќер ставете ги во голем сад. Следно што треба да направите е да ги измешате сите состојки со рацете и да ги обликувате во топчиња. Кога убаво ќе се соедини смесата и ќе добиете цврсти топчиња ставете стапче на секое од нив.  За топчињата да не се вадат од стапчињата пред да го ставите топчето, натопете го врвот на стапчето во растопеното чоколадо.

Така подготвените лижавчиња во замрзнувач на 10 минути за смесата добро да се излади и чоколадото во кое подоцна ќе ги топите брзо да се стврднува.

Натопете ги лижавчињата во веќе растопеното бело и темно чоколадо. Вртејќи ги во воздухот над садот тие веднаш ќе се ослободат од вишокот чоколадо, а потоа разубавете ги со шарени трошки.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.