Тој по средата со Заев изјави дека очекува наскоро на Самитот во Лондон земјава да стане 30-та членка на НАТО, а на есен да го добие датумот за преговори со ЕУ. САД, како што рече, иако не се дел од ЕУ, постојано и даваат поддршка на Северна Македонија на тој пат, но и на билатералните средби со земјите членки ги поттикнуваат есенва државата да го добие долгоочекуваниот датум за преговори.

Објавил: Весна Петровска | 26 јули, 2019 19:04

Рикер: Очекуваме наскоро да добиете датум за преговори – навистина направивте многу!

Фото/Текст извор: ©оналјн магазин

Филип Рикер е во посета на нашата земја, тој имаше средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и премиерот Зоран Заев.

Тој по средата со Заев изјави дека очекува наскоро на Самитот во Лондон земјава да стане 30-та членка на НАТО, а на есен да го добие датумот за преговори со ЕУ. САД, како што рече, иако не се дел од ЕУ, постојано и даваат поддршка на Северна Македонија на тој пат, но и на билатералните средби со земјите членки ги поттикнуваат есенва државата да го добие долгоочекуваниот датум за преговори.

Имате, додаде тој, постигнато многу и треба да ги исполните зададените критериуми.

Филип Рикер во посета на Македонија, се сретна со Заев и Мицкоски

– На денешната средба со премиерот Заев ја подвлековме важноста од донесувањето на законот за јавно обвинителство. Имаме добра основа во предлогот и се радувам на неговото изгласување. Се надевам дека овој процес ќе заврши брзо заедно со опозицијата. Се надевам дека опозицијата, не само тука и во другите земји ќе биде витална за нивната иднина. Ова е одличен момент за сите да се здружат и да го завршат процесот, рече Рикер.

Премиерот Зоран Заев е задоволен што Северна Македонија наскоро ќе стане членка на НАТО, што, како што рече е една од стратешките определби на земјата. Тој посочи дека досега 21 земја го ратификуваа протоколот за пристапување во НАТО, а САД, рече, го почнаа овој процес и во нивниот Сенат и очекува дека во септември или октомври оваа постапка ќе биде успешно завршена.

Заев верува и дека земјава наскоро ќе го добие долгоочекуваниот датум за преговори за што ја нагласи и исклучителната поддршката на САД во нашите аспирации за членство во ЕУ.

– Сите навестувања се дека во октомври ќе стигне долгоочекуваната одлука за старт на преговорите. Никој не сака нови разочарувања и изневерени ветувања, ниту во ЕУ, ниту дома, ниту во регионот. Никој не сака да се отвори шанса за зголемено влијание на недобронамерните страни во земјата и регионот. Сите го очекуваат признанието за исполнетите демократски реформи за најдоброто можно решение, за прашањето за соседите и за определбата на нашата земја да биде дел од западниот демократски свет, рече Заев.

– Отворени сме и тоа постојано го повторуваме и за последниот заеднички исчекор со опозицијата во усвојувањето на Предлог-законот за јавно обвинителство за да и покажеме на меѓународната заедница, но и дома, дека сме единствени кога станува збор за нашите стратешки интереси, рече премиерот Заев.

Мицкоски, како што соопшти ВМРО-ДПМНЕ, укажал и на важноста од бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот од секаков тип.

Теми на средбата биле и развојот на меѓусебните односи, актуелната политичка состојба и реформските процеси важни за државата.

– Мицкоски на средбата ја изрази својата загриженост поради лошата економска и политичка состојба и ја нагласи потребата за засилени реформи во процесот на исполнување на стратешките приоритети на Република Македонија, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Соговорниците ја истакнале важноста за развој на македонско-американското стратешко пријателство и поддршката на процесите важни за државата. Мицкоски ја потврдил заложбата на ВМРО-ДПМНЕ за заедничка соработка и развој на македонско-американските односи.

Претходно, по средбата со Мицкоски во седиштето на партијата, Рикер изјави дека од опозицијата очекува конструктивност за законот за јавно обвинителство.

– Имавме искрен и отворен разговор со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски и со претставници на партијата во кој ги повторив истите пораки како и утрово. Се надевам на позитивен исчекор кога станува збор за владеењето на правото, СЈО и за Јавното обвинителство, бидејќи тоа е многу важно за европската перспектива на Северна Македонија, рече Рикер по едночасовната средба со Мицкоски.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести