Исто така претседателот изрази очекување дека до крајот на годината ќе биде завршено ратификувањето на Протоколот за членство во НАТО и во сите земји-членки меѓу кои и во САД, со што Северна Македонија ќе стане 30-та членка на Алијансата.

Објавил: Весна Петровска | 26 јули, 2019 21:35

РИКЕР ОД ВИЛА ВОДНО ИСПРАТИ ПОРАКА: Со заеднички сили до европска држава

Фото/Текст извор: ©оналјн магазин

По средбата со премиерот Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ филип Рикер оствари средба и со претседателот на земјава Стево Пендаровски.

Пендаровски на средбата со Рикер изјави дека земјава вложи огромни напори за да ја надмине статус-кво состојбата од минатото. Сега е неопходно сите политички чинители заеднички да работат на европската иднина на државата, преку конструктивен политички дијалог за усвојување на суштинските реформски закони.

Рикер му ја честиташе фунцкијата претседател на Стево Пендаровски

Исто така претседателот изрази очекување дека до крајот на годината ќе биде завршено ратификувањето на Протоколот за членство во НАТО и во сите земји-членки меѓу кои и во САД, со што Северна Македонија ќе стане 30-та членка на Алијансата.

– Нашето зачленување во Алијансата ќе претставува конкретна потврда на заложбите на САД за стабилна, сигурна и економски развиена Северна Македонија и одраз на волјата на мнозинството наши граѓани кои сакаат да ја видат Северна Македонија како членка на евроатлантските институции, рече Пендаровски.

Шефот на државата на средбата изрази благодарност за безрезервната поддршка и помош од САД, особено во остварувањето на нашите евро-атлантски аспирации.

– На тој пат, Северна Македонија ќе продолжи тесно да соработува со САД, како наш долгогодишен сојузник и поддржувач на реформите во областа на одбраната и безбедноста, владеењето на правото и независноста на судството, како и во областа на јавната администрација, порача претседателот Пендаровски.

Како што се наведува во соопштението Рикер му го честита стапувањето на функцијата на Пендаровски, додавајќи дека САД ќе продолжат силно да ги поддржуваат демократските реформи во земјава, со цел нејзино целосно интегрирање во евро-атлантските организации.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.