Фокс се извини за гесто на Роби Вилијамс на отворањето на Светското првенство

Објавил: admin@magazin | 17 јуни, 2018 1:46

Роби Вилијамс покажа среден прст

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Во само првиот ден од Светското првенство во фудбал, скандалот е веќе во сите медиуми кои го следат фудбалот во Русија оваа година.

За време на свеченото отворање во четвртокот, британската поп-ѕвездата Роби Вилијамс покажа среден прст на камерата за време на неговиот настап на стадионот Лужники во Москва, пред почетокот на натпреварот помеѓу Русија и Саудиска Арабија.

Пеејќи дел од неговите хитови, Вилијамс се заврте директно кон камерата за време на изведбата на песната “Рок диџеј”, јасно менувајќи ги стиховите на “I did this for free” пред да го покаже средниот прст.

Фокс објави изјава во која се осудува и се извинува за гестот:

“Свеченото отворање на Светското првенство на ФИФА во 2018 година беше најавен настан од трета страна и пренесуван во живо на телвизијата Фокс. Не знаевме што ќе се случи за време на изведбата на Роби Вилијамс и се извинуваме”.

Роби Вилијамс подоцна бил придружен од рускиот сопран Аида Гарифулина. Рускиот претседател Владимир Путин исто така одржа говор за време на церемонијата на отворањето, наведувајќи: “Искрено сме среќни да бидеме домаќини на Светското првенство во нашата земја”, според Би-Би-Си. “Фудбалот е навистина сакан овде. Русија е отворена, гостопримлива и пријателска земја. “

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести