Фреди е роден во градот Квинси, Флорида, САД, а мајка му го оставила на буниште бргу по раѓањето. Кога Нејтан и Бети Фигерс го вдомиле, тој бил стар само два дена.

Објавил: Весна Петровска | 14 ноември, 2019 17:24

Родиме мајко со ксмет и фрли ме на буниште: Го оставила во контејнер, а денес е милионер!

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

30-годишниот Фреди Фигерс како бебе бил оставен во контејнер за ѓубре, а денес е извршен директор на компанија вредна 62 милина долари.

Фреди е роден во градот Квинси, Флорида, САД, а мајка му го оставила на буниште бргу по раѓањето. Кога Нејтан и Бети Фигерс го вдомиле, тој бил стар само два дена.

Фреди е роден во градот Квинси, Флорида, САД, а мајка му го оставила на буниште бргу по раѓањето. Кога Нејтан и Бети Фигерс го вдомиле, тој бил стар само два дена.

Својата фирма Фигерс комјуникејшн, тој ја основал додека бил тинејџер. Освен тоа, тој е сопственик на четири патенти, а со технологија се занимава од дете. Кога имал девет години, сосем самостојно, го поправил својот прв калкулатор. На 12 години веќе имал вештини на техничар, а три години подоцна ја основал и фирмата.

Кусо потоа на неговиот татко му бил дијагностициран Алцхајмер, па момчето изработило специјални патики со вграден ГПС-уред за двонасочна комуникација. Тој изум за кусо време му донел заработка од 2,2 милиона долари.

На 24 години, младиот пронаоѓач веќе имал дизајнирано 80 софтверски програми, а освен умствено-работните способности, во својата околина важи и за човек со високи морални вредности. Нуди стипендии и помош за програми за млади, помага при плаќањето долгови на оние кои не можат да се справат со тоа…

Како што коментираат неговите сограѓани, животната приказна на Фреди е инспирација за многумина.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.