Корисниците на социјалните мрежи збеснаа поради овој концепт на книгата која е наменета за средните училишта.

Објавил: Весна Петровска | 16 декември, 2019 18:12

РОДИТЕЛИТЕ ЗБЕСНАА: Децата се образуваат од скандалозен учебник по социологија!

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

„Ако жената е затворена во домот и нема никакви јавни улоги таа ќе нема можност да направи кривично дело“. Ова е само дел од скандалозниот текст печатен во учебник за втора година средно. Авторите на текстот, инаку еминентни професори по социологија, пишуваат дека жената која не излегува од домот е заштитена од многу комуникации, одговорности и конфликти и е упатена да се грижи за семејството, а со тоа била помалку изложена на криминогените фактори, пишува Алфа.

Корисниците на социјалните мрежи збеснаа поради овој концепт на книгата која е наменета за средните училишта.

Владата која се залага за поголема родова еднаквост меѓу мажите и жените, денеска ја разбранува јавноста. Корисниците на социјалните мрежи прашуваат: Зошто и после толку минати филтри, никој од надлежните не го воочил овој пропуст?

„Образованието ни е дно, а ние секој ден слушаме за ЕУ и НАТО. Место да се фалат со реформи во образовниот систем. И по толку филтри никој да не го воочи овој пропуст – џабе титули на сите. Срамно е колку генерации работат по овој учебник“, се дел од коментарите на социјалната мрежа Фејсбук.

Оваа содржина е само дел од текстот во кој се дискриминираат правата на жената. Во истиот учебник прељубата се карактеризира како кривично дело на иста линија со уцените, кражбите, кривоклетство и недозволен абортус. И ова предизвика реакции кај граѓаните.

„Вие сте пример за креатори на заблуда, измама, дискриминација и низа други кривични дела со вакви објаснувања, и треба соодветно да бидете санкционирани“, пишуваат граѓаните на Фејсбук и бараат од МОН итно да го забрани скандалозниот учебник.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести