Извори за ТвНова, велат дека и двајцата имаат Ковид-19, но веројатно се примени со други дијагнози како примарни, па изолирани во посебен дел, бидејќи болницата и официјално се изјасни дека нема да прима пациенти со Ковид, освен ако веќе не биле примени со друга дијагноза и се затекнале таму.

Објавил: Катерина Крстиќ | 1 јули, 2020 18:51

Родителите на Мицкоски заболени од Ковид 19, хоспитализирани во Систина!

Фото/Текст извор: ©Нова тв

Родителите на Христијан Мицковски, лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ се хоспитализирани во приватната болница „Аџибадем Систина“, дознава НОВА ТВ.

Мицкоски минатата недела објави дека неговата мајка е заболена од Ковид 19, но дека ќе продолжи со предизборната кампања бидејќи подолг период немал контакт со неговото семејство…

Извори од болницата за Тв Нова, велат дека и двајцата имаат Ковид-19, но веројатно се примени со други дијагнози како примарни, па изолирани во посебен дел, бидејќи болницата и официјално се изјасни дека нема да прима пациенти со Ковид, освен ако веќе не биле примени со друга дијагноза и се затекнале таму.

Мајка му е примена минатата недела, најверојатно на 24 јуни, а после неа и неговиот татко. Здравствената состојба на неговата мајка веќе била значително подобрена. Таа неколку дена пред приемот била позитивна на Ковид , информација која ја потврди и самиот Мицковски пред 10 дена при посетата на Струмица.

Тој тогаш рече дека не се видел со неа подолго време поради ризикот на кој е изложен од средбите и разговорите со повеќе луѓе и нагласи дека сите кои биле во контак со неа се во самоизолација.

„Веќе неколку дена, би рекол 5-6 дена е во домашни услови и посакувам добро здравје, за жал и кај нас во семејството ја почувствувавме директно оваа пандемија и се надевам дека побргу ќе помине. Ние сме тука да и ги олесниме деновите кои што доаѓаат во борбата против овој вирус. Многу сериозен е овој вирус и луѓето кој што го имаат, сериозно го преживуваат“, изјави тогаш Мицковски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.