Нови лични карти и пасоши ќе треба да си набават граѓаните, како и нови ознаки на регистарските таблички на нивните возила, најдоцна во рок од пет години.

Објавил: Рејхан Бајрами | 14 јануари, 2019 15:57

Рок од 5 години за Северна Македонија во личните документи на граѓаните

Фото/Текст извор: ©радио слободна европа.магазин.мк

Во рок од пет години или најдоцна до 2024 година личните документи на граѓаните ќе го носат новото име „Република Северна Македонија“. Со новите амандмани во нив ќе биде наведена и етничката припадност на малцинските заедници во државата.

Нови лични карти и пасоши ќе треба да си набават граѓаните, како и нови ознаки на регистарските таблички на нивните возила, најдоцна во рок од пет години откако ќе биде ратификуван договорот за името во грчкиот Парламент и откако македонските пратеници со усвојувањето потребните измени го запечатија новото име на државата „Република Северна Македонија“

Регистарските таблички во иднина ќе ја носат кратенката НМ или НМК, а новото име на земјата ќе биде вметнато во личните карти и патните исправи. Во рок од 5 години ќе треба да се смени и сета останатата документација на јавната администрација за надворешна употреба, но и за внатрешна употреба и нивното издавање ќе почне со отворањето на секое поглавје на релеватното поле во преговорите со ЕУ. Тоа значи дека секоја институција етапно ќе го менува своето име и документацијата.

Се уште не се знае како ќе бидат сменети личните документи на граѓаните кои нема да истечат во дадениот рок, иако тоа нема да биде на нивен товар, барем според досегашните најави од страна на Владата. Во секој случај до 2024 година, граѓаните ќе треба да имаат лична карта или пасош под новото државно име.

Најтешкиот дел беше усвојувањето на уставните измени, но се очекуваат и потешкотии во спроведување на договореното во зависност од политичката состојба во земјата, вели политичкиот аналитичар Џељал Незири. Според него, со отворањето на перспективите за Македонија и членството во НАТО би се создале подобар терен за договорот за името без пречки да биде имплементиран.„Во спротивно ако овој НАТО ефект не се случи или ако процесот на интеграција кон ЕУ не ги даде очекуваните резултати мислам дека спроведувањето ќе биде тежок процес“, смета Незири.

Кои беа првичните амандмани на владата, а што дополнително се прифати на крај?

Владата првично најави четири уставни амандмани кои дирекно произлегуваа од Договорот од Преспа. Но, по месеци дебати, политички маневри и со цел обезбедување на потребното дво третинско мнозинство тие претрпеа измени.Најпрвин беше прифатено барањето на ДУИ, Охридскиот рамковен договор да се вметне во Преамбулата на Уставот. Пратениците го усвоија и амандманот на независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ со кој уставните амандмани не важат доколку Грција не ја исполни својата обврска од Договорот за името.

Најтешко беше во последната фаза на усвојувањето на уставните измени кога по неколку дневни преговори премиерот Зоран Заев постигна договор со партијата Беса на Биљал Касами, која ги имаше клучните два пратеника за за заокружување на процесот.

Незири посочува дека целта на политичките партии била собирање на политички поени.„Сите овие партии и групи фактички не се водеа од тоа дали договорот е добар или не, туку се водеа од тоа што ќе добијат конкретно како политички партии и групи. Мислам дека тие амандмани суштествено не го менуваат тоа што беше договорено и што стои како договор меѓу двете страни во Преспа и нема да се одрази во понатамошниот процес на спроведување“, додава Незири.Со амандманот на Бесаосвен државјанството кое ќе биде македонско ќе стои и националноста, односно етничката припадност на граѓаните од малцинските заедници. Се прифати и амандманот со кој се потврдува дека Републиката наместо за Македонците, подеднакво води грижа на сите свои граѓани во дијаспората, како и амандманот со кој се наведува дека Македонија има нов сосед Република Косово.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Така што, јас верувам дека ние до 2030 година можеме да бидеме членка на ЕУ, доколку ги донесеме одлуките коишто се очекуваат од нас. За тоа веќе постои поддршка и отворен прозорец од страна на ЕУ, рече Ковачевски.

Ковачевски мисли дека до 2023 Македонија ќе влезе во ЕУ

Можноста за поголем пристап на кандидатите за членство до европските фондови ја најави...

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е непознат за пошироката јавност. Од него тешко се наоѓа фотографија, а нема ниту биографија. Обвинителите немаа прилика од него да чујат ниту детали за тоа како планира да раководи со едно од најважните обвинителства во државата, кое треба да се справи со организираниот криминал и корупција.

Добивај вести на вибер
dobivaj vesti na viber
Според информации од „А1он“ кои ги добивме од неколку обвинители со право на глас, тој немал испратено ниту програма до нив. Во фелата важи за почитуван колега и обвинител. Има учествувано во изработка на низа закони.

За него постоеја шпекулации дека е кандидат на ДУИ. Тој никогаш не се огласи со став. Потекнува од Зајас, селото од каде е и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Новиот шеф, Абази, пријавил и дека неговото семејство поседува куќа во Зајас, исто како и Ахмети.



Според анкетниот лист поднесен во Државната комисија за спречување корупција, тој нема ниту куќа, ниту стан, ниту автомобил. Поседува само долгови и мотор. Од недвижнини, на име на неговите родители, има запишано стан во Кичево и куќата во селото на Ахмети. На свое име, има голф 4, кој го стекнал со купопродажба, вреден скоро пет илјади евра. Абази има и кредит oд четири илјади евра, кој го подигнал во 2009 година. Засега не е познато кога последен пат го ажурирал неговиот анкетен лист и дали има промени.

„А1он“ и вечерва се обиде да исконтактира со сега избраниот шеф, Ислам Абази. Го прашавме колку вистина има во тоа дека е кадар на ДУИ, дали се познава со Ахмети и дали остварувал средби, но и каде може да се види неговата програма доколку истата постои. Тој посочи дека изјава ќе даде утре, кога ќе допатува во Скопје.

„Во текот на утрешниот ден ќе дојдам во Скопје и ќе се договориме за изјава преку прес-службата на ЈОРСМ“, вели Абази за „А1он“, неодговарајќи на ниту едно прашање.

Инаку, Ислам Абази беше избран со 66 гласови, преку гласање на сите обвинители во Македонија. На второ место, со 64 гласови или два гласа помалку, заврши скопскиот обвинител Ермон Незири. Досегашната шефица Вилма Русковска доби петнаесетина гласови, а нејзината колшека Деса Пауновска имаше едноцифрен број на поддршка.

Кој е Ислам Абази, новиот шеф на Организиран криминал и корупција

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за...