„Во сандаче на дното од езерото беше изненадувањето за Матеја, таа кажа ДА и среќно изнуркаа на површината“, велат од „Акватек“.

Објавил: Весна Петровска | 22 септември, 2019 14:42

РОМАНТИЧНО:Момче запроси девојка на дното од Охридско езеро

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Уште едно уникатно запросување ја разнежни македонската јавност. Момчето реши да ја побара својата девојка за идна сопруга додека нуркале во длабочините на Охридското езеро.

Од нуркачкиот тим „Акватек” објавија видео од необично запросувањето кое се случило на дното на Охридското Езеро. Александар го оставил сандачето во кое се наоѓал прстенот на дното од езерото и ја повикал девојката да нуркаат.

„Во сандаче на дното од езерото беше изненадувањето за Матеја, таа кажа ДА и среќно изнуркаа на површината“, велат од „Акватек“.

Пред неколку години исто така се случи едно необично запросување и тоа се случи во Идризово.

Просидбата се случи во спортското игралиште во Центарот за обука Идризово каде Министерството за внатрешни работи тогаш одржа свечена промоција на новите полициски службеници, тој ден на Александра и беше уште поубаво и посреќен.

Младиот иден полицаец по заклетвата уникатно ја побара својата догогодишна девојка.

Покрај уникатните има и чудни запросувања. Еве неколку сведоштва на луѓе кои им се случиле или им се случиле на нивните најблиски

1. Јас веќе раскинав со него, а тој ми се јави еден месец подоцна и рече:

– Треба да се омажиш за мене, само да прекинеш со школување.Ти може да седиш дома, и јас ќе платам за тоа, дури и ќе ти платам зголемување на градите. Тоа е единственото нешто што ти фали за да бидеш совршена. Го фрлив телефонот и го блокирав.

2. Го стави прстенот во торба со трева, и јас одговорив со глупаво „Да“. Една година подоцна, ние се раскинавме, фала му на Бога.

3. Момчето на мојата другарка и предложи да и стави импланти во градите. Таа се согласи. Тој ѝ рече дека нема потреба да оди со неа во клиника, но дека ќе биде со неа до нејзиниот кревет кога ќе се разбуди. Кога се врати од болница, и кажа дека и купил импланти наместо прстен, дека цената е иста. Бев збунета. Им честитав за вереничките гради. Тие се венчаа, добија бебе и се разведоа четири години подоцна. Потоа отиде да ги извади силиконите и му ги врати, за и неговата нова жена да може да добие импланти.

4. На мојата мајка поранешниот сопруг и остави порака за запросување на телефонската секретарка, на 1-ви април. Таа не беше сигурна дали се шегува или не. Сепак, тој беше сериозен.

5. Мојот братучед мислеше дека е добра идеја да раскине со својата девојка, а потоа да ја запроси. Ја повика на прошетка, на половина и кажа дека сака да раскинат, а потоа – Дали сакаш да се омажиш за мене?. Дури и денес, не разбирам зошто таа рече „Да”.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.