Фудбалскиот ас со широко срце за одморот во Грција

Објавил: Узунов Бобан | 25 јуни, 2019 8:48

Роналдо во грчки хотел оставил баснословна сума на бакшиш

Фото/Текст извор: ©магазин

Фудбалската ѕвезда на Јувентус, Кристијано Рналдо заедно со неговото семејство првиот дел од одморот го помина на југот на Грција, во луксузниот хотел „ Вестин Соста Наварино“. 

Изнајмувањето на претседателскиот апартман за еден ден фудбалерот го чинеше 9.000 евра.

„Кристијано Роналдо бил задоволен со услугата и на персоналот на хотелот, кој неговиот одмор го направил совршен, а кој не им допуштил на папараците да бидат ниту блиску до нив, па како благодарност им дал бакшиш од 20.000 евра“ пишува шпански „АС“.

Португалецот одморот го продолжи на француската ривиера, во Сент Тропе.

Наскоро Роналдо ќе мора да се врати во Торино затоа што екипата тргнува на летна турнеја.

Првиот меч на италијанскиот шампион е на 21 јули во Сингапур против Тотенхем, а ти дена подоцна во Нанјинг, Јуве игра против Интер.

Уште еден пријателски меч Јувентус игра на 10 август, во Стокхолм, против Атлетико Мадрид.


Роналдо е роден во Сан Педро, Фуншал на португалскиот остров Мадеира. Пораснал во палатата Фуншал во Санто Антонио, со мајка му Марија Долореш дош Сантош Авеиро и татко му Жозе Диниш Авеиро (починал во 2005 поради проблеми со алкохолизмот). Името Кристијано се должи на христијанската вера на мајката, додека второто име, Роналдо, го добил во чест на Роналд Реган, омилен актер на таткото и претседател на САД во тоа време. Кристијано има еден постар брат Уго (роден 1975), и две сестри, Елма (родена 1974) и Лилијана Катија (родена 1976).


 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести