Веста дека Кристијано Роналдо ќе дојде во Скопје, е главна тема на социјалните мрежи, а граѓаните не знаат дали ова е маркетиншки трик на Сефер Цаноски или вистина.

Објавил: Перо Милчин | 6 февруари, 2019 20:29

Роналдо доаѓа во Македонија, на покана од Сефер Цаноски?

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

На својот Фејсбук профил првиот човек на ФОН Универзитетот, Сефер Цаноски, објави дека светски познатиот фудбалер Кристијано Роналдо доаѓа во Македонија.

Веста дека Кристијано Роналдо ќе дојде во Скопје, е главна тема на социјалните мрежи, а граѓаните во Македонија не знаат дали ова е маркетиншки трик или Сефер Цаноски, сопственикот на ФОН Универзитетот навистина ќе се оствари средба со најдобриот светски фудбалер.

„Конечно, по девет години, прифати да биде гостин на ФОН Универзитет. Наскоро, најдобрите на едно место“, пишува под фотографијата на која Сефер Цаноски е фотографиран со светската звезда Кристијано Роналдо.

Кристијано Роналдо, кој синоќа го прослави 34. роденден е еден од најбогатите и најплатените спортисти на светот. Неговото богатство се проценува на околу пола милијарда евра, а годишно неговата заработка со спонзорските примања изнесува околу 100 милиони евра. Роналдо го направил своето деби за Португалија во август 2003 година, на возраст од 18 години Тој оттогаш настапил на повеќе од 100 натпревари и има учествувано на 6 големи турнири: три УЕФА Европски првенства (2004, 2008 и 2012) и три ФИФА Светски првенства (2006, 2010 и 2014).

Роналдо е првиот португалски играч кој постигнал повеќе од 50 голови за националниот тим, што го прави топ стрелец на Португалија на сите времиња.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.