Роналдо ја призна вината дека во периодот од 2011 до 2014 година кога беше член на Реал Мадрид затајувал данок од маркетинг.

Објавил: Перо Милчин | 22 јануари, 2019 14:38

Роналдо доби затворска казна и финансиска глоба од 18,8 милиони евра

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Португалскиот фудбалски ас, Кристијано Роналдо е осуден на 23 месеци затворска казна и финасиска глоба од 18,8 милиони евра за затајување на данок во Шпанија.

Според законите во Шпанија Роналдо нема да ја одлежи затворската казна, бидејќи виновникот ако е осуден на казна затвор помала од две години и таа е од ненасилна природа и ако му е прва, не оди зад решетки.

По вчерашниот меч за Јувентус, Кристијано Роналдо веднаш одлета во Шпанија, каде што утринава се појави во шпанскиот суд, кој требаше да му ја изрече казната за затајување данок.

Роналдо ја призна вината дека во периодот од 2011 до 2014 година кога беше член на Реал Мадрид затајувал данок од маркетинг.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести