Роналдо како и многумината светски земји прати порака од изолација.
„Светот минува низ тешки моменти кои бараат грижа и внимание од сите нас. Денеска не ви пишувам како фудбалер, туку како син, татко, како човек кој е загрижен со она што се случува и влијае на целиот свет. Многу е важно да ги слушате советите на СЗО и владеачките структури како да се носите со ситуацијата. Заштитата на човечките животи мора да биде над сите други интерес. Моите мисли се со оние кои ги изгубиле своите најблиски, а исто така поддршка за оние кои се борат со вирусот, како што е мојот соиграч Ругани. Нормално, испраќам порака на вистинските професионалци кои се грижат за здравјето на другите луѓе, и така ги ризикуваат своите животи“, напиша Роналдо.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.