Според неговата изјава, Бугарија е осамена во блокадата.

Објавил: Владо Марин | 8 декември, 2020 14:01

РОТ: Германското претседателство прави сѐ за да ја надмине блокадата од Бугарија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пред почетокот на денешниот министерски состанок во ЕУ, германскиот министер за Европа, Михаел Рот, рече дека билатералните барања на една земја го блокирале проширување на Унијата.

Според неговата изјава, Бугарија е осамена во блокадата.

-За жал не успеавме да постигнеме напредок за прашање кое е веќе договорено, а сето тоа поради билатерални барања на една земја членка, изјави германскиот министер за европски работи, Михаил Рот, коментирајќи го бугарското вето за одржувањето на првата меѓувладина конференција со Македонија!

Билатералните барања на една земја-членка кон кои другите 26 земји-членки не можеа да се приклучат се причината што Северна Македонија не можеше да ги започне преговорите со ЕУ, изјави германскиот министер за Европа Михаел Рот пред почетокот на денешниот состанок на министрите на ЕУ како подготовка за лидерскиот самит кој започнува во четврток.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.