Рудан вели дека науката направила голем пропуст бидејќи не успеала да го предвиди смртоносниот коронавирус, кој всушност е седма врста на тој вирус кој се обидува да го нападне човештвото.

Објавил: Катерина Крстиќ | 11 март, 2020 10:47

РУДАН: Науката направи голем пропуст и не го предвиде Коронавирусот!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Игор Рудан познат на јавноста, по тоа што е еден од највлијателните хрватски научници и епидемиолози. Тој во авторски текст за порталот „Индекс“ даде појаснување на некои непознаници за коронавирусот.

Имено како што тврди Рудан, коронавирусот не е нешто ново, односно според него човештвото отсекогаш се среќавало со пандемии, па така тие во средниот век го убивале секое трето лице. 

Рудан вели дека науката направила голем пропуст бидејќи не успеала да го предвиди смртоносниот коронавирус, кој всушност е седма врста на тој вирус кој се обидува да го нападне човештвото.

Според Рудан, Ковид-19 има повисока стапка на смртност бидејќи како нова врста прво ги напаѓа оние со ослабен имунолошки систем. Затоа, стапката на смртност од 3,4 проценти не е изненадувачка. Но ако се знае дека не се сите заразени и пријавени, стапката на смртност е значително помала.

Рудан во своето авторско гледиште, вели дека првите видови на коронавирусот не биле толку агресивни, туку  предизвикувале само на обични настинки па поради тоа никој не ги сметал за сериозна закана за јавното здравје.

Но она што цели Рудан е дека откако веќе успеавме да се спасиме од агресивните видови на коронавирусот, петтиот и шестиот (САРС и МЕРС) науката требаше да предвиди дека ќе дојде седми, уште поагресивен вид на коронавирус.

Имавме среќа и САРС-от и МЕРС-от да се шират на другите луѓе дури по почетокот на симптомите на болеста, па епидемиите беа сузбиени со изолација за заболените и сите нивни контакти по почетокот на симптомите. Тоа е најважната причина зошто САРС и МЕРС тогаш не убија неверојатна бројка на луѓе. Ковид-19 (новиот коронавирус) се шири на другите луѓе и за време на периодот на инкубацијата и тоа е една од разликите меѓу него и претходните типови на коронавируси.Ковид-19 има повисока стапка на смртност бидејќи како нова врста прво ги напаѓа оние со ослабен имунолошки систем. Затоа, стапката на смртност од 3,4 проценти не е изненадувачка. Но ако се знае дека не се сите заразени и пријавени, стапката на смртност е значително помала, пишува Рудан.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.