Санину Лаизер (52) продаде две парчиња танзанит за 3,4 милиони долари на Министерството за скапоцени камења во Танзанија, јавува Би-Би-Си.

Објавил: Катерина Крстиќ | 26 јуни, 2020 11:18

РУДАР СТАНА МИЛИОНЕР ПРЕКУ НОЌ: Го пронајде овој скапоцен камен и обезбеди иднина за своите 30 деца!

Фото/Текст извор: ©Kurir.rs / Tanjug, Foto: Profimedia

Рудар во Танзанија стана милионер преку ноќ откако продаде две парчиња необработен скапоцен камен од танзанит, кој е всушност најголемиот пронајден во оваа земја, со тежина од вкупно 15 килограми.

Санину Лајзер (52) продаде две парчиња танзанит за 3,4 милиони долари на Министерството за скапоцени камења во Танзанија, јавува Би-Би-Си.

На рударите како Лајзер им е потребна дозвола да бараат танзанит, но нелегалното рударство е распространето во земјата, особено во близина на рудници во сопственост на големи компании.

Лајзер рече дека со овие пари сака да инвестира во својот крај и да изгради трговски центар и училиште во близина на неговата куќа.

Тој истакна дека многу луѓе во неговото соседство се сиромашни и не можат да си дозволат да ги одведат своите деца на училиште.

Рударот рече дека парите што ги добил нема да го променат неговиот начин на живот и дека тој планира да продолжи да се грижи за своите 2000 крави, додека  работата во која парите ќе бидат вложени ќе ја остави на своите деца.

Лајзер има над 30 деца и четири сопруги.

Тој рече дека нема потреба да се преземат дополнителни мерки на претпазливост заради парите и дека неговиот крај е безбеден и најави голема прослава по повод ненадејната добивка.

На рударите како Лајзер им е потребна дозвола да бараат танзанит, но нелегалното рударство е распространето во земјата, особено во близина на рудници во сопственост на големи компании.

Танзанит е еден од најретките видови скапоцени камења и може да се најде само во северна Танзанија.

Експертите проценуваат дека резервите на овој скапоцен камен може да бидат целосно исцрпени во следните 20 години.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.