Факт: Капитални инвестиции со кои Вардар доби поинаков лик и стана вистински гигант, со услови какви што немаат најголемиот дел од клубови на Балканов.

Објавил: Македонка Димкин | 22 јули, 2018 14:17

Русинот Сергеј Самсоненко, по четири ипол години заминува од Вардар?

Фото/Текст извор: ©спорт.мк

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар, делумно или целосно ќе се врати под финансиска закрила на Град Скопје, откако досегашниот спонзор на црвено-црните, Русинот Сергеј Самсоненко, по четири ипол години е на праг да се „откаже“ од поранешниот македонски првак.

Според информациите до кои дојде „Спорт 1“, членови на раководството на Вардар нареднава седмица закажале состанок со градските власти на кој треба да се договорат дали Град Скопје е спремен целосно или делумно да го превземе финансирањето на македонскиот фудбалски бренд. Интерес од градските власти и тоа како има, но не се знае колкав буџет би можеле да обезбедат за клубот и понатаму да биде на нивото кое што беше до лани. Засега, не се знае точниот термин и условите за примопредавањето на акциите, односно неговото враќање во рацете на Град Скопје, од каде што Самсоненко го купи официјално на 26 јануари 2014 година.

Сергеј Самсоненко е руски милионер и бизнисмен кој престојува во Република Македонија. Тој е сопственик на македонскиот фудбалски клуб ФК Вардар и македонските ракометни клубови РК Вардар и Вардар

Рускиот бизнисмен, под чија капа Вардар ги направи најголемите успеси во својата историја, го купи клубот за сума од 50.000 денари по акција, купувајќи го мнозинскиот пакет на акции, кој претходно беше поделен помеѓу градот Скопје (51 отсто) и Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор (АДССДП), кој имаше 49 отсто од акциите. Во договорот за купопродажба на акциите, на кои преку јавен повик од 16 јануари 2014 година, РК Вардар беше единствената заинтересирана страна, новиот газда се обврска во црвено-црниот клуб да инвестира најмалку по 1,5 милиони евра годишно во следните десет години.

И откако го превзеде Вардар, Самсоненко набрзина формираше стабилен клуб, кој освои три шампионски титули по ред, играјќи една година во големото друштво во есенските групи во Лига Европа, а патем изгради тренинг-камп во Хиподром во вредност од преку четири милиони евра, како и Академија до Националната Арена „Филип Втори“ во вредност од 2,5 милиони евра. Капитални инвестиции со кои Вардар доби поинаков лик и стана вистински гигант, со услови какви што немаат најголемиот дел од клубови на Балканов.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести