Тој изјави дека уште неколку вакцини во моментов се подложени на клиничко тестирање или постапка за регистрација.

Објавил: Катерина Крстиќ | 1 септември, 2020 9:10

РУСИТЕ ОТКРИЈА КОГА ЌЕ ЗАПОЧНЕ МАСОВНА ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ КОРОНА: Еве кој прв ќе ги добие вакцините!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Рускиот министер за здравство Михаил Мурашко денес изјави дека масовната вакцинација на најранливите групи против ковид-19 ќе започне во ноември или декември оваа година, пренесуваат руските агенции.

Тој додаде дека првите големи испораки на вакцината ќе започнат во септември.

“Во моментов, производството и надзорот на вакцината се зголемуваат во исто време по регистрацијата. Вакцината, се разбира, прво ќе им биде достапна на здравствените работници, а вакцинацијата ќе биде апсолутно доброволна”, рече Мурашко, пренесува Taс с.

Тој изјави дека уште неколку вакцини во моментов се подложени на клиничко тестирање или постапка за регистрација.

Русија беше прва во светот што регистрираше вакцина против коронавирусот Спутник V, овој месец, по помалку од два месеца тестирања на луѓе.

Претходно шефот на рускиот Инвестициски фонд, Кирил Дмитриев, потенцира дека 20 држави веќе порачале повеќе од милијарда дози.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.