За хакирањето е обвинета руската група „Фенси бер”, позната и како „Софаси“ или „APT28″

Објавил: admin@magazin | 2 јули, 2018 13:00

Русите хакирале над 100.000 рутери во САД

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Федералното истражна биро на САД (ФБИ) издаде предупредување дека руски хакери нападнале стотици илјади рутери во САД, со помош на кои тие би можеле да соберат лични податоци и да исклучуваат интернет мрежи.

ФБИ им порача на сопственици на рутерите да ги вклучат, па исклучат, како и да симнат последна верзија на драјвери, за да се заштитат.

Предупредувањето беше издадено откако Судот му дозволи на ФБИ да ја запленат интернет страницата, за која постои сомнеж дека хакерите сакале да ја искористат при испраќање инструкции на хакираните рутери.

За хакирањето е обвинета руската група „Фенси бер”, позната и како „Софаси“ или „APT28″, која има работено на проекти за руската влада.

Оваа група беше обвинета за хакирање и на Националниот комитет на демократите за време на претседателските избори во САД во 2016 година, за што не беа пронајдени докази.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.