Русија објави дека го прекинува учеството во договорот за жито по денешниот напад во Севастопол врз воени бродови на Црноморската флота и врз трговски бродови ангажирани за обезбедување на коридорот за жито.

Објавил: admin@magazin | 29 октомври, 2022 18:59

Русија го замрзнува своето учество во договорот за жито, но ќе даваат бесплатно на сиромашните земји

Фото/Текст извор: ©fokus

Русија објави дека го прекинува учеството во договорот за жито по денешниот напад во Севастопол врз воени бродови на Црноморската флота и врз трговски бродови ангажирани за обезбедување на коридорот за жито.

„Имајќи го предвид терористичкиот акт извршен од режимот во Киев со учество на британски експерти на 29 октомври 2022 година, против бродовите на Црноморската флота и цивилните бродови ангажирани за обезбедување на безбедноста на коридорот за жито, Русија го суспендира своето учество во спроведувањето на договорот за извоз на земјоделски производи од украинските пристаништа“, се наведува во соопштението на руското Министерство за одбрана.

Според тврдењата на руското Министерство, британски експерти од градот Очаков, Николаевска област, учествувале во планирањето на денешниот напад со девет беспилотни летала и седум автономни поморски беспилотни летала на руски бродови на Црноморската флота и цивилни пловни објекти, кои беа лоцирани на надворешните и внатрешните приклучоци во базата во Севастопол.

Русија – вклучително заедно со Турција – е подготвена бесплатно да испорача до 500.000 тони жито до најсиромашните земји во рок од четири месеци. Ова денеска го изјави аграрниот министер на Руската Федерација Дмитриј Патрушев во етерот на телевизијата „Русија-24“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.