Во екот на политичката криза со Украина, Руската Федерација остана достојна на зборот, преземајќи го првиот чекот уставното име на Македонија да биде одбрането пред ОН

Објавил: Мартин Попоски | 27 ноември, 2018 8:53

Русија го отвара прашањето за Македонија пред ОН!

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Mинистерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, го започна процесот за ставае на прашањето на промената на уставното име на Македонија на дневен ред на Советот за безбедност.

Имено реакцијата доаѓа и по апелот на претседателот на Македонија, Иванов, упатен на годинешното Генерално Собрание на ОН, да се почитува одлуката на самоопределување на Македонскиот народ и молбата државите кои не признале под уставното име, без разлика на уставните измени или тогашниот референдум, да останат доследни на одлуката.

Така договор од Преспа во согласност со став 3 од Резолуцијата 845 ќе биде разгледан од Советот за безбедност на ОН, пишува на официјалниот твитер профил на Мисијата на Русија во ОБСЕ. Овие пораки Русија ги праќа по разгледувањето на редовниот извештај на ОБСЕ за Македонија.

Резолуцијата 845 на Советот за безбедност на ОН е донесена на 18 јуни 1993 година.

Во неа во член 3 стои „Советот за безбедност бара од генералниот секретар постојано да го известува Советот за напредокот во следните преземања, кои имаат цел да ја решат разликата меѓу страните пред почетокот на 48-та сесија на Генералното собрание и навремено да го извести Советот за резултатот и да одлучи да го обнови разгледувањето на ова прашање во светлината на тоа известување“.

Мисијата на Русија во ОБСЕ очекува “прашањето за државното име на Македонија да се реши без притисок однадвор и во вештачки услови и тоа решение треба да се заснова на широка јавна поддршка и исклучиво во рамките на правото”. 

Убедени сме дека обидите да се наметнат надворешни императиви на граѓаните на Македонија само ја влошуваат поделбата на македонското општеството.

Прогонството на оние што не се согласуваат со политиките на владата на Македонија се интензивира. Продолжува невидениот притисок и врз претседателот на земјата, а се појавија и информации за тоа дека неговите телефони од канцеларијата се прислушувани.

Јавната доверба во силата на институциите и во демократските процедури е сериозно нарушена во Македонија. Референдумот, како алатка на законодавниот дом, беше дискредитиран.

Интервенциите на западните земји во внатрешните работи на Македонија предизвикаа рецидив на акутна политичка криза во земјата, која не е надмината повеќе од три години“, предупредува Мисијата на Русија во ОБСЕ.

Иницијативата наиде на огромна поддршка, особено по најавите дека зад неа стојат и Турција и Кина.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести