„Русија ја призна Република #Македонија под нејзиното уставно име пред повеќе од 26 години и својот став не го менува”, стоеше на официјалниот твитер-профил на руската амбасада во Скопје,

Објавил: Катерина Крстиќ | 18 март, 2019 19:47

Русија го призна новото име Република „Северна„ Македонија

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Министерството за надворешни работи на Руската Федерација денеска соопшти дека Русија ја призна нашата држава под новото уставно име – Република „Северна„ Македонија.

-Руската Федерација ја призна таа држава под новото име – Република Северна Македонија, се нагласува во соопштението од руското МНР. 

Иако минатата година по гласањето за уставните измени за менување на името на Република Македонија во Собрание, преку твитер профилот на руската амбасада, Русија испрати порака дека ја признала Македонија под нејзиното уставно име и дека тој став не го менува.

„Русија ја призна Република #Македонија под нејзиното уставно име пред повеќе од 26 години и својот став не го менува”, стоеше на официјалниот твитер-профил на руската амбасада во Скопје, но сепак денеска Русија ја призна Македонија под новото име Република „Северна„ Македонија.

Според видео објавено од Радио слободна Европа на Македонски, Македонија под новото име, односно со додавката Северна ја признале 105 држави меѓу кои: Србија, САД, Велика Британија,Кина,Босна и Херцеговина,Хрватска,Косово…

Со потпишување на договорот во Преспа на 17 јуни 2018 година во селото Нивици, Република Македонија го доби своето ново име Република Северна Македонија. Со овој договор Грција ќе го признае државјанството на соседната земја како македонско/граѓанин на Република Северна Македонија, ќе се согласи официјалниот јазик на државата да се именува како македонски јазик и нема да го попречува членството на соседната земја во меѓународните организации.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести