Министерството за надворешни работи објави дека албанскиот дипломат мора да ја напушти Русија во рок од 72 часа, пренесува Ројтерс.

Објавил: admin@magazin | 8 февруари, 2021 19:18

РУСИЈА ГО ПРОТЕРА АЛБАНСКИОТ ДИПЛОМАТ: Мора да ја напушти земјата во рок од 72 часа

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Русија денес објави дека го протера секретарот на албанската амбасада во Москва како одговор на протерувањето на рускиот дипломат од Албанија минатиот месец.

Спутник пренесува дека албанскиот амбасадор во Русија бил поканет во Министерството за надворешни работи, каде му била врачена протесна нота!

Министерството за надворешни работи објави дека албанскиот дипломат мора да ја напушти Русија во рок од 72 часа, пренесува Ројтерс.

На рускиот дипломат му беше наредено да ја напушти Албанија во јануари за наводно кршење на правилата за борба против пандемијата на вирусот корона.

Русија рече дека ова е „имагинарен изговор“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.