Тоа светот го прими со скепса затоа што таа вакцина не ги поминала неопходните клинички испитувања пред да биде издадена лиценцата која се бара за да се докаже делувањето на вакцината.

Објавил: Владо Марин | 22 август, 2020 18:30

Русија ќе ја тестира вакцината против корона вирусот на 40.000 луѓе

Фото/Текст извор: ©иновативност.мк

Русија објави дека на почетокот на идната недела ќе почне со клинички тестирања на повеќе од 40.000 луѓе на вакцината против корона вирусот, која ја одобри на 11 август.

Минатата недела Русија, како прва земја во светот, ја лиценцираше вакцината против корона вирусот. Тоа го објави претседателот на Русија, Владимир Путин.

Тоа светот го прими со скепса затоа што таа вакцина не ги поминала неопходните клинички испитувања пред да биде издадена лиценцата која се бара за да се докаже делувањето на вакцината.

Идната недела ќе почна клиничките студии за ефикасноста и безбедноста на вакцината Sputnik V во Русија“ соопшти рускиот суверен фонд вклучен во развојот на вакцината и прецизираше дека повеќе од 40.000 луѓе ќе учествуваат во студијата во над 45 медицински сестри.

На официјалната веб страница посветена на вакцината е објавено дека третата фаза од клиничките тестови во кои се вклучени повеќе од 2.000 луѓе почнала на 12 август.

Од Суверениот фонд истакнаа и дека вакцинацијата на ризичните групи, меѓу кои медицинскиот персонал, исто така ќе почне идната недела на доброволна основа. Повеќе од 20 земји доставија барање за купување на милијарда дози од руската вакцина.

Русија се договори и за производство на вакцини во пет земји, велат од фондот и откриваат дека се предвидува масовното вакцинирање во Русија да започне во октомври годинава, а почетокот на испораката на вакцините за странство е планиран за ноември или декември.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Израел и Хамас 16-ти ден ги продолжуваат борбите, појасот Газа на раб на хуманитарна катастрофа. Рано утрово Израел изврши воздушни напади врз јужниот дел на Газа и најави дека ќе ги интензивира нападите на северот. Владата на политичкото крило на Хамас објави дека најмалку 55 Палестинци биле убиени во текот на ноќта.

Израел е подготвен за копнената офанзива во Газа

Израел е подготвен за копнената офанзива во Газа. Тел Авив ги повика жителите на Газа...

Москва повторно ја надмина Саудиска Арабија како главен снабдувач на нафта во Кина. Блискоисточната земја извезла 60,1 милиони тони во вредност од 36,49 милијарди долари во наведениот период, а Ирак е на третото место, снабдувајќи 40,3 милиони тони во вредност од 23,04 милијарди долари.

Извозот на сурова нафта во Кина во август се зголеми за 30,7 проценти во споредба со јули и порасна за 42,7 отсто во однос на вредноста, достигнувајќи 5,8 милијарди долари.

Во 2022 година Кина го зголеми купувањето на руска нафта за 8,2 проценти и тоа достигна 86,2 милиони тони. Цената на суровата нафта увезена од Русија се зголеми за околу 43,9 отсто, што изнесува 58,37 милијарди долари.

Кина купува повеќе руска нафта откако традиционалните западни купувачи ја избегнуваа како дел од санкциите поврзани со војната во Украина. По минатогодишното ембарго на Г7 и ограничувањето на цената на руската нафта, Москва активно ги пренасочува своите нафтени текови кон Азија.

Кина го зголеми увозот на сурова нафта од Русија за 25 отсто годинава

Цените на нафтата достигнаа ново највисоко ниво од ноември, при што барел брент во...

Вучиќ рече дека вчерашната рунда дијалог во Брисел завршила неуспешно, бидејќи Приштина не го прифатила компромисниот предлог на ЕУ на патот кон нормализација на односите!

САД разочарани од неуспехот на дијалогот меѓу Белград и Приштина

САД изразија разочарување што не беше постигнат напредок во последната рунда од дијалогот...

Во Загреб цена на метар квадратен нов стан во првата половина од годината изнесува 2.623 евра, а просечната плата во Загреб е 1.303 евра.

Просечната цена на метар квадратен нов стан во Хрватска 2.200 евра

Просечната цена на метар квадратен нов стан во Хрватска во првата половина од годинава...