Првата руска вакцина против корона вирусот, направена од воени експерти и научници од Националниот институт за епидемиологија и микробиологија на Гамалеја, е подготвена, рече денес рускиот заменик министер за одбрана Руслан Цаликов.
Тој рече дека специјалистите и научниците од Националниот истражувачки центар ги извршиле последните проверки и тестови и дека сите доброволни приматели на новата вакцина развиле имунолошки одговор на вирусот корона и дека се чувствуваат добро.
„Можам да кажам дека првата вакцина против вирусот корона е готова“, рече Чаликов во разговорот со новинарите од весниците „Факта“ и „Аргумент“, пренесува ТАС.
Додека пак потенцијалната вакцина од универзитетот Оксфорд против коронавирусот може да се појави до крајот на годината, но не е сигурно дека тоа ќе се случи, објави водечката лабораторија за развој на вакцина.
Експерименталната вакцина, лиценцирана од фармацевтската компанија АстраЗенека, покажа дека го активира имунолошкиот систем во раната фаза на клинички испитувања, што остава надеж дека вакцината би можела да биде готова до крајот на годината.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.