Цариградската патријаршија реши да ја укине одлуката од 1686 година, со која киевската митрополија и е предадена на московската патријаршија, со што го налути рускиот Патријарх

Објавил: Мартин Попоски | 16 октомври, 2018 10:35

Руската црква ги прекина односите со Цариградската патријаршија

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Руската православна црква ги прекинува односите со Цариградската патријаршија.

Одлуката ја донесе Светиот синодот на Руската црква, на денешното заседание во белорускиот главен град Минск.

На заседанието на Светиот синод, беше донесено решение за целосен прекин на комуникацијата со Цариградската патријаршија. – изјави по седницата рускиот митрополит Иларион.

Синодот оценил дека во сегашните услови, невозможна е понатамошна комуникација на Руската црква со Цариградската патријаршија.

Одлуката доаѓа, по соопштението на Цариградската партијаршија во четвртокот, дека се согласува да ја признае независноста на украинската црква.

Цариградската патријаршија реши да ја укине одлуката од 1686 година, со која киевската митрополија и е предадена на московската патријаршија.

Со укинување на таа одлука Цариградската патријаршија полага право на црквата во Украина.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.