Каменот во бубрегот е почест кај младите и луѓето со средни години отколку кај старите и многу почесто се јавува кај мажите отколку кај жените.

Објавил: admin@magazin | 21 октомври, 2019 23:03

РУСКА ЕФИКАСНА МЕДИЦИНА: Лек за отстранување на камен и песок во бубрег!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Камен во бубрезите обично се создава во средиштето на бубрезите, каде што се собира мочта пред да оди во мочниот канал, цевка која води до мочниот меур. Тој се создава кога одредени материи во мочта-вклучувајќи калциум и мочна киселина- се кристализираат и тие кристали се таложат.

Напротив поголемиот камен го надразнува и го притиска мочниот канал кога се движи до мочниот меур, предизвикувајќи исклучително силни болки и спречувајќи го протокот на мочта. Понекогаш каменот може да биде голем како топче за голф и останува сместен во бубрегот, доведувајќи до уште потешко нарушување.

Каменот во бубрегот е почест кај младите и луѓето со средни години отколку кај старите и многу почесто се јавува кај мажите отколку кај жените. Луѓето кои живеат во потопли климатски услови се поклони кон создавање камен во бубрезите поради почестата дехидратација, со која се концентрираат минералите во мочта.

Ако некогаш сте заболеле од камен во бубрезите постои веројатност постои веројатност повторно да заболете. Затоа е важно толку што е можно поточно да одредите што ја предизвикало појавата на каменот за да преземете мерки за спречување на повторното заболување.

Бидејќи многу симптоми на камен во бубрезите можат да упатуваат и на други нарушувања, лекарот мора да го потврди постоењето на каменот. Испитувањата ќе се состајат од анализа на крвта и мочта и, веројатно, интравенска пиелографија, посебна техника на рендгенско снимање на бубрезите, или ултразвучно снимање за да се утврди големината и положбата на каменот.

Алтернативни начини на лекување
Освен долупишаното лекување со кинески треви, можебо ќе се решите за акупунктура или хомеопатија;двата начини на лекување може да помогнат при ублажувањето на болките, а акупунктурата може да со забрза движењето на каменот. Во двата случаи, приврзаниците нагласуваат дека е неопходно да бидете под контрола на лекар.

Кинески лековити билки
Стручните лица за кинеска медицина понекогаш препишуваат карамбола (Averhoa carambola) за да ја олеснат болката и да го поттикнат мочањето. Ставете три свежи плодови во тава со две лажички мед. Динстајте го овошјето додека не стане меко и тогаш изедете го овошјето и неговиот сок. Повторувајте го ова секој ден се додека каменот не се изфрли и додека не се ослободите од болката.

Зошто кај некои луѓе се сездава камен во бубрезите, а кај некои не, не е секогаш јасно. Во 90 проценти од случаите причината останува непозната. Ова нарушување се повторува во семејствата, а, исто така, изгледа, се предодредени луѓето кои боледуваат од гихт (гихт е посебна болест што е последица на таложење на мочната киселина во организмот), воспалителна болест на мочниот мeур и хронични воспаленија на мочните патишта. Медицинските испитувања упатуваат на тоа дека пиењето премали количества течности може да предизвика појава на камен,како и долготрајно лежење в кревет.

Рецепт за отстранување на каменот од бубрегот:

Навечер 1 чаша (200 гр) просо измијте го во топла вода.
Сипете го продото во голема тегла (од 3 литри) и прелејте 2/3 тегли со жешка сварена вода. Преклопете и замотајте во нешто топло и оставете да преноќи така. Наутро ќе забележите бела и матна течност во теглата. Тоа е вашиот лек. Сипете ја течноста во друг сад. Пијте во текот на денот без ограничување, во било која количина, кога и да посакате.
Просото немојте да го фрлате. Сварете здрава каша и искористете ја за појадок ( 1 чаша просо, 3 чаши вода се варат 15 минути). Навечер подгответе нова порција за утредента, по истата постапка. Овој напиток треба да го пиете 10 – 15 минути.
Резултат: после 10 – 15 дена камењата ќе се растопат и ќе излезат заедно со урината, а бубрезите ќе останат исчистени од песокот и камењата. Елиминирано е воспалението, обновени се ткивата на бубрезите и органите на уринарниот тракт.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...

Според документите, мајката на екс економскиот директор на клиниката била заведена со дијагноза рак на бели дробови, за подоцна во истиот тој систем да заврши со дијагноза анемија.

Мајката на екс економскиот директор на Онкологија во систем била заведена со дијагноза рак на бели дробови, иако не била онколошки пациент

Мајката на поранешниот организациски директор на скопската Клиника за онкологија,...