Во април, Ростуризам објасни дека финансиските загуби поради „Ковид-19“ ќе бидат најмалку 300 милијарди руби (4 милијарди американски долари) квартално.

Објавил: admin@magazin | 13 мај, 2020 21:58

РУСКИТЕ ГРАНИЦИ ЗАТВОРЕНИ ДО 2021 ГОДИНА: Дали Русија ќе постане забранета држава за туристи!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Писмото испратено од Андреј Игнатиев (ПЦТ) и Генадиј Ламшин (РГА) до министерот за економски развој Максим Решетников и шефот на руската Федерална туристичка агенција, Зарина Догузова, сугерира дека туризмот во земјата треба да се дозволи од 1 јуни 2020 година “барем помеѓу региони со ниско ниво на случаи на „Ковид-19“.

Авторите на писмото предложија меѓународниот туризам да се обнови од 1 јули, но да се прифаќаат само туристи од земји со помалку случаи на коронавирус. 

Руската туристичка индустрија е силно погодена уште од почетокот на епидемијата.

Од 27 март, владата го суспендираше скоро целиот меѓународен воздушен транспорт, што може да биде катастрофално за туристичкиот сектор.

Во април, Ростуризам објасни дека финансиските загуби поради „Ковид-19“ ќе бидат најмалку 300 милијарди руби (4 милијарди американски долари) квартално.

На 7 мај, Догузова истакна дека туризмот е еден од главните економски двигатели на Русија, потенцирајќи дека постепеното излегување од мерките за карантин не само што ќе и помогне на индустријата, туку и на многу други сектори.

– Околу 60 милиони луѓе патуваат низ целата земја секоја година, оставајќи неколку милијарди рубли во регионалните економии и создаваат околу 2,5 милиони работни места – рече таа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.