Шеќер, млеко и маст (свинска)

Објавил: admin@magazin | 31 март, 2020 13:41

РУСКИ ДОКТОР ПРЕДЛАГА СТАР СРПСКИ РЕЦЕПТ: Ако имате проблем со белите дробови ова ќе го смири кашлањето!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Карамелизиран шеќер, млеко и сало – ова е пијалак од нашето детство што сите го паметиме затоа што нашите загрижени мајки го готвеа за нас секој пат кога ќе почневме да кашламе и да ги чувствуваме првите симптоми на грип.

Постојат 3 начини да се направи оваа напивка.

Одличен рецепт за време кога владее грипот.

1. Шеќер, млеко и маст (свинска)

Во тавче карамелизирајте 2 лажички шеќер и потоа, додека сè уште врие, додадете го млекото и промешајте додека не се стопи шеќерот. Кога се истура во чаша, додадете лажичка маст и пијте полека. Вкусот не е лош ако се додаде сало.

2. Млеко, сало и мед

Млекото се загрева до вриење, потоа се додава маснотијата. Кога пијалокот ќе се олади, се додава лажица мед и се пие пред спиење. Ако чувствувате треска, најдобро е да се завиткате во ќебе и да заспиете веднаш по овој пијалок.

3. Шеќер, млеко и жалфија.

Шеќерот се карамелизира и потоа се додава млекото. Додека се уште врие, во него се става гранче жалфија, а по неколку минути течноста се отстранува. Пијалокот се пие додека е сè уште топол.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...

Според документите, мајката на екс економскиот директор на клиниката била заведена со дијагноза рак на бели дробови, за подоцна во истиот тој систем да заврши со дијагноза анемија.

Мајката на екс економскиот директор на Онкологија во систем била заведена со дијагноза рак на бели дробови, иако не била онколошки пациент

Мајката на поранешниот организациски директор на скопската Клиника за онкологија,...