Русковска истакна дека се уште не одлучила дали ќе вложи жалба за висината на санкцијата и за тоа ќе одлучи кога ќе ја добие.

Објавил: Катерина Крстиќ | 4 декември, 2019 14:01

Русковска: Задоволна сум од санкцијата за Милески

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Третоосомничениот за случајот Рекет, Зоран Милески-Кичеец денеска доби казна затвор од три години. По ова се огласи и обвинителката  Вилма Русковска која рече дека е задоволна со изречената казна за Кичеец.

Бизнисменот Зоран Милески Кичеец е трето осомничен за случајот Рекет, и денеска доби казна затвор од три години.

Русковска истакна дека се уште не одлучила дали ќе вложи жалба за висината на санкцијата и за тоа ќе одлучи кога ќе ја добие.

„Мислам дека изречената санкција е добра. Дали ќе вложам жалба за висината, ќе решам откако ќе ја примам пресудата. Искрено не очекував повика казна затоа што, сепак, е голем распонот на предвидената казна од една до 10 години, досега е неосудуван и најмногу затоа што призна вина пред почеток на главната расправа“, рече Русковска во изјава за медиумите пред Кривичниот суд во Скопје.

Рускоска исто така пред медиумите изјави дека можно е во понатамошното судење Кичеец да се појави во својство на сведок против првообвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски и второобвинетата, Катица Јанева.

 

„Милески може да се појави како сведок во случајот. Во таква улога може да биде по предлог на обвинителството или на одбраната во дополнување на доказна постапка“, додаде Русковска.

Инаку вчера Зоран Милески-Кичеец кој е третообвинет во случајот „Рекет“ призна вина за стореното дело и врз основа на тоа денеска доби три години затвор. 

За потсетување, Во Основниот кривичен суд во Скопје вчера се одржа првото рочиште за судскиот процес на годината „Рекет“. Судењето започна со доцнење од 45 минути поради здравствени проблеми на Боки 13 – повраќање и бил тешко контактибилен.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.