Шефицата на обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, денеска одговарајќи на новинарски прашања, соопшти дека се води истрага за доскорешниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Ден Дончев.

Објавил: Катерина Крстиќ | 15 мај, 2020 21:21

Русковска: Се води истрага за Ден Дончев, не знам дали е во Македонија

Фото/Текст извор: ©press24

Антикорупциската комисија бара Владата да го повика на одговорност директорот на ЈП со стопанисување со спортски објекти во сопственост на државата, Шпенди Хајредин, откако утврдила слабости во неговото работење. Како што изјави претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска на денешната прес-конференција, ќе испратат и иницијатива до Јавното обвинителство да постапува по наводите за злопупотреба на службената положба, објави Прес 24.

„Директорот издавал под закуп спортски објекти кои што по Законот за спорт не треба да ги издава, бидејќи се суштински, но тој склучувал договори за закуп без одлуки од Владата“, изјави претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска.

Предметот го отвори ДКСК по сопствена иницијатива, откако во јавноста беа изнесени наводи дека надворешниот советник на премиерот за прашања од областа на спортот, Даниел Димевски, како управител на фирмата „Турдолимпик“ ДОО Скопје стекнал својство на закупец на СРЦ „Кале“ со што остварил приватни интереси и го оштетил Буџетот.

Шефицата на обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, денеска одговарајќи на новинарски прашања, соопшти дека се води истрага за доскорешниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Ден Дончев.

„Да, се води истрага, а дали е во Македонија стварно не знам“, изјави Русковска денеска пред Кривичниот суд.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.