Таа негира дека Јовановски барал да стане заштитен сведок, иако неговите искази траеја со часови.

Објавил: Перо Милчин | 4 јануари, 2020 23:29

РУСКОСКА ГО ДЕМАНТИРАШЕ БОКИ 13: Ништо од тоа не е точно, не кажа ниту нешто блиску до тоа

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Обвинителката, Вилма Русковска ги негира информациите што беа објавени дека во исказ пред Обвинителството Боки кажал информации кои водат до врвот на власта.

На прашањето за Фокус дали Јовановски понудил докази со кои се потврдува дека биле изрекетирани вкупно седум милиони евра и дека најголем дел од парите биле предавани на В.З. лице блиско на досегашниот премиер Зоран Заев, Русковска категорично демантира.

„Ништо од тоа не е точно. Не кажа ниту нешто блиску до тоа“, изјави обвинителката Русковска за Фокус.

Јовановски во обвинителството даваше неколкучасовен исказ на 20 и на 23 декември.

Бојан Јовановски во петок, на 20 декември, бил на распит кај обвинителката Вилма Русковска да даде дополнување на својот исказ пред Јавното обвинителство во врска со случајот Рекет. Распитот траел цел ден, од околу десет наутро до секоро десет навечер, кога е вратен во затворот во Шутка, со активен распит без паузи од околу 8 часа.

Наредниот понеделник, 23 декември, распитот продолжил и траел околу три часа. Според сознанија на порталот Вечер, откако со самиот почеток на судењето видел дека неговите соработници од врвот на власта имаат намера да го жртвуваат и да се сокријат себе, Боки 13 се отворил до крај и раскажувал што се случило со парите прибрани од рекет, и тоа од повеќе лица а не само од Орце Камчев.

Се работи за вкупно собрани околу 7 милиони евра со рекетирање бизнисмени.
Според Боки 13 парите, во поголем дел, ги предал на луѓе блиски до претседателот на СДСМ, поранешниот премиер Зоран Заев, посочувајќи го конкретно В.З. близок роднина на досегашниот премиер кому предал пари на средба во Карпош, на локација Лептокарија.

Заканите кон него, кои Боки 13 ги спомнува на судењето се спомнуваат и во исказот, и повторно како главен извор на заканите тој го спомнува лицето В.З.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.