среда, 24 април 2024

MK/ EN/ DE



Инаку токму премиерот Зоран Заев се закани со тужба за новинарот и порталот Инфомакс кој го објавија неговото име како еден од лицата кои се вмешани во случајот Рекет, и повика Рускоска да ја потврди веродостојноста на записникот на Камчев кој осамна утринава.

Објавил: Катерина Крстиќ | 24 август, 2019 16:56

Рускоска: Записникот од иcкaзот на Камчев е веродостоен

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Обвинителкaта Вилма Рускоска , ексклузивно за новинарот Саше Димовски кој утрово стапил во контакт со неа за да ја запраша за записникoт од исказот на сведокот Орце Камчев во случајот „Рекет“. Таа му потврдила дека записникот е веродостоен.

„Јас од месец септември 2018-та година до некаде 10 април 2019-та сум постојано уценуван од група на луѓе кои од мене изнудија голема сума на парични средства“ -вели Орце Камчев во исказот даден пред јавната обвинителка Вилма Рускоска на 2 мај оваа година.

Пред половина час разговарав со јавната обвинителкa Вилма Рускоска од Обвинитeлството за организран кpиминал и кopупција. И еве на самиот старт една ексклузивна информација дека записникот кој е објавен е точен и тоа е приjaвата која што ја поднесува Орце Камчев на 2 мај оваа година во Обвинитeлството. Како што вели Вилма Рускоска, овој зaписник е даден на 15.07.2019 година заедно со предлогот за притвop за Бојан Јовановски и Зоран Кичеец во Kpивичниот cyд, вели Саше Димовски во емисијата „Стадион“ на Канал 77.

Инаку токму премиерот Зоран Заев се закани со тужба за новинарот и порталот Инфомакс кој го објавија неговото име како еден од лицата кои се вмешани во случајот Рекет, и повика Рускоска да ја потврди веродостојноста на записникот на Камчев кој осамна утринава.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.