Вилма Рускоска по Седницата даде изјава пред новинарите кои се распрашуваа за приведената обвинителка.

Објавил: Весна Петровска | 27 август, 2019 14:25

Рускоска: Камчев, освен Заев дека пријавил, не спомна политичари во исказот

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Денеска се одржа седница на Советот на јавни обвинители каде започна постапката за разрешување на шефицата на СЈО Катица Јанева.

Вилма Рускоска по Седницата даде изјава пред новинарите кои се распрашуваа за приведената обвинителка.

-Ниту премиерот Зоран Заев, ниту други политичари не се спомнати во исказот на Јордан Камчев, рече денеска шефицата на организираниот криминал.

Рускоска даде изјава по завршувањто на Советот на јавни обвинители

По однос на записникот кој протече во јавност, таа беше децидна дека по завршена истрага се дава препис за истрагата и за осомничените на одбраната.

Прашана кога повторно ќе го викнат Бојан Јовановски Боки 13 на сослушување, таа кажа дека за сега нема потреба.

Рускоска беше децидна дека се работи интезивно на финансиската истрага за Рекет.

Прашана дали Катица Јанева ќе бара домашен притвор поради наруена здравствена состојба, Рускоска рече дека не е запозната со тоа.

Советот на јавни обвинители денеска се одржа зад затворени врати поради тајноста на истражната постапка за случајот „Рекет“ која е се уште во тек.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.