Според неа, има вмешаност на политиката во судењето за предметот „27 април”.

Објавил: Рејхан Бајрами | 10 мај, 2019 7:52

РУСКОСКА: Никола Груевски е нарачател на настаните што се случија на 27 април во Собранието!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Во емисијата „Само вистина” на ТВ Канал 5, Рускоска зборуваше за настаните кои се случија во Собранието, и амнестијата која даде Собранието. Може има оправдување за тоа што го направија, но не би сакала да се повтори и политиката повторно да се меша во правосудството, рече Рускоска во емисијата.

Рускоска рече дека за случајот „Дива населба” во кое таа била втор обвинител, има премногу цврсти докази за сите обвинети и има ДНК-анализа и отпечатоци, од сите осудени кои се наоѓаат во затворот.

Таа рече дека нејзиниот колега кој бил прв обвинител веќе поднел жалба за ослободителната пресуда за четворица од осудените и сега чекаат да видат што ќе одлучи Апелацискиот суд.

Овој предмет е многу добро сработен и воопшто нема политика во него. Не гледам каде граѓаните што протестираа гледаат политика во случај во кој од двете страни има загинати. СЈО досега од нас го нема побарано овој предмет. Слушнав дека нема „бомби” за него, туку само индиции – истакна Рускоска.

Од она што го имаме како докази, сметам дека поранешниот премиер Никола Груевски е нарачател на настаните што се случија на 27 април 2017 година во Собранието.

Се надевам дека наскоро ќе се покрене обвинение за четворица од организаторите и нарачателите на настанот, а за двајца кои се недостапни е запрена истрагата до нивното пронаоѓање, рече обвинителката Вилма Рускоска.

Според Рускоска има голема вмешаност на политиката во судењето за предметот „27 април”.

Во вчерашната емисија на Канал 5 таа изјави дека не и е јасно зошто Интерпол не објави потерница против двете лица кои се недостапни, кога претходно, објави потерници за останати пет лица вмешани во настаните од 27 април, од кои дел се осудени, а за последното фатено лице во Шведска веќе е доставено барање за екстрадиција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести