Таа исто така беше прашана дали Бојан Јовановски поввторно ќе биде повикан да даде исказ во ОЈО за случајот Рекет, Рускоска рече дека кога ќе оцени дека треба би го повикала.

Објавил: Весна Петровска | 27 август, 2019 15:24

Рускоска откри дека знае каде се дел од парите од „Рекет“

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

По седницата на Советот на јавни обвинители шефицата на организираниот криминал Вилма Рускоска даде изјава пред новинарите кои ја прашаа за „Рекет“. Таа беше децидна и изјави дека Јордан Камчев освен дека Зоран Заев пријавил, не спомнал други полтичари во исказот кој Јордан го даде вчера пред обвинителката.

Таа исто така беше прашана дали Бојан Јовановски поввторно ќе биде повикан да даде исказ во ОЈО за случајот Рекет, Рускоска рече дека кога ќе оцени дека треба би го повикала.

Рускоска откри неколку детали за случајот „Рекет“

Рускоска рече дека не знае дали се подготвува барање за Јанева да излезе од притвор поради многу нарушено здравје и потврди дека се уште трае истрагата за документот со исказот на Камчев кој излезе во јавност.

На прашање дали Камчев го имал тој документ, Рускоска појасни дека записници на сведоците и на лица за кои се бараат потребни известувања, не им се доставуваат, туку пред завршувањето на истражната постапка кога ќе се донесе известување за завршена истрага, тогаш препис се дава на одбраната и на осомничениот.

Рускоска рече дека се уште се работи на финансиската истрага и дека за дел од парите знат каде се, а за дел работат на тоа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.