Таа одговарајќи на новинарско прашање потврди дека во СЈО имало бришење на компјутерите, како што претходно објави „360 степени“.

Објавил: Катерина Крстиќ | 23 август, 2019 10:54

Рускоска потврди – во СЈО се бришеле компјутери

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Откако беше донесена одлуката за 30 дневен притвор на специјалната јавна обвинителка во оставка Катиза Јанева, за медиумите се изјасни и шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и предметна обвинителка во „Рекет“ Вилма Рускоска.

Рускоска потврди дека во СЈО имало бришење на компјутерите, како што претходно објави „360 степени“.

„Видете, познато е дека дел од компјутерите се бришени и колку што јас имам информации тоа се на стручните соработници кои работат во СЈО. Ниту еден компјутер на кој било обвинител не е бришен и не е форматиран“, одговори Рускоска.

Уште пред еден месец, 360 степени објави дека  Катица Јанева наредила на ИТ-секторот да спроведе т.н. „форензичко бришење“ на компјутерите во Специјалното јавно обвинителство.

Секако ова првично го демантираа од СЈО за по неколку дека да признаат дека неколку компјутери по наредба на Јанева се трајно форматирани.

Ваквото т.н. „форензичко бришење“ на компјутерите во Специјалното јавно обвинителство се случило на 26 ти јули, но откако на 27 ми јули 360 степени ја пренесе веста дека во СЈО се бришат компјутерите, операцијата била стопирана.

Секако ниту запирањето, како и отпочнувањето на „чистењето“, не можело да биде без знаење на Катица Јанева.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.