Покрај од сведокот, имало и други пријави поврзани со случајот и во тек на предистрагата која траела 2,5 месеци. Има, како што рече, и нови пријави за суми од над 500 илјади евра.

Објавил: Рејхан Бајрами | 20 јули, 2019 15:13

РУСКОСКА: „Првоосомничениот “БОКИ 13” бил во постојано друштво со министри, обвинители и судии„

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција Вилма Русковска во денешното гостување во емисијата „Стадион“ на радио Канал 77, рече дека давањето поткуп или рекет е кривично дело, но, има едно големо но, ако тој го пријавил кривичното дело, тогаш се ослободува од одговорност.

На прашањето дали отворањето на случајот „Рекет“ може да го поништи предметот „Империја“, Рускоска мисли дека не, бидејќи откако Врховниот суд го донесе тоа несреќно мислење, смета дека и да остане така, новото обвинителство може да го почне од почеток. Како што наведе обвинителката може повторно да се собираат доказите и апсолутно смета дека кој било од предметите ако има доволно докази и ако не застари, нема да пропадне.

Како што наведе вчера премиерот Зоран Заев, Рускоска ќе шефува со обвинителството во кое со новиот закон за јавно обвинителство се предлага Специјалното јавно обвинителство да се интегрира во досегашното Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

 Сведокот додека беше во куќен притвор, добив информација дека сака да се види со мене. Јас реков – не, кога ќе излезе, ако излезе од домашен притвор, кога сака може да дојде, посочи, меѓу останатото Русковска.

Рускоска објасни дека, сведокот отишол кај премиерот, му покажал мал дел од доказите што ги има, по што премиерот ги информирал неа и јавниот обвинител Љубомир Јовевски дека има сознанија за сторено кривично дело и дека сака да дојде да поднесе кривична пријава.

Со Јовевски го советувале дека е најдобро да дојде сведокот сам да пријави затоа што во секој случај знае многу повеќе и има поголеми детали од она што го знае премиерот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.