Малкумина знаат нешто за Рози Мицкоска, сопругата на Христијан.

Објавил: Владо Марин | 7 јануари, 2022 19:35

Русокоса, нежна дама со префинет вкус- запознајте ја Рози Мицкоска, сопругата на Христијан Мицкоски

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Него го гледаме постојано. Речиси секојдневно особено сега во периодот кога се преговараше околу изборите. Да, станува збор за Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, тој е роден Скопјанец, израснат во скопската населба Карпош.

Рози и Христијан се заедно од студентските денови а нивната љубов ја крунисале со брак во 2005 година. Таа може да се види како придружба на својот сопруг на важни настани, но не сака многу да се експонира во јавноста.

За него јавноста веќе знае дека тој е професор на Машинскиот факултет. На 12 април закажани се предвремените парламентарни избори, по оставката на премиерот во заминување Зоран Заев.

Но наспроти него секогаш е една убава дама која го придружува на сите важни настани. Нежна русокоса која не е многу експонирана во јавноста. Малкумина знаат нешто за Рози Мицкоска, сопругата на Христијан.

Рози по професија е професорка по македонски јазик во гимназијата „Орце Николов“.

Родена е во Струмица , а во главниот град се преселила како студент во 1996 година. Рози и Христијан се заедно уште од студентските денови, а нивната љубов јакрунисаа со брак во 2005 година.

Рози во една прилика за весникот Вечер изјави дека нема омилени нешта, освен децата. Таа се опишува како посветена мајка која ги расте децата со својот сопруг, но во овој период кога тој е презафатен поголем дел од обврските и припаѓаат на неа. Мицкоски и Рози имаат два сина Јован и Антони.

За неа соседите ќе речат дека е сосема нормална жена која останала на земја и покрај позицијата нанејзиниот сопруг. Соседите на семејството Мицковски ја опишуваат како жена посветена на семејството која често може да се види во маркети во населбата Влае,каде што тие живеат денес.

За Рози нема да слушнете лош збор. Соседите и оние кои ја познаваат велат декастанува збор за позитивна, харизматична личност, која застанува да поразговара со секој што ќе ја поздрави.

Семејството Мицкоски не може да крене глава од гости и веселба во месец јануари.

За нив месецот кој е на прагот е многу значаен бидејќи покрај празниците кога на Бадник го слават именденот на Христијан Мицкоски, го празнуваат и 20-ти јануари, големиот празник Свети Јован односно именденот на постариот син а десет дена подоцна, на 30 јануари семејството го празнува Свети Антониј, именденот на помалиот син. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.