Компирот е намирница која наоѓа многу широка примена во нашата кујна!

Објавил: admin@magazin | 26 септември, 2019 20:47

РУЧЕК БЕЗ МЕСО: Запечени компири со сирење!

Фото/Текст извор: ©gotvi.mk

Меки и вкусни компири во комбинација со сирење се одличен прилог за јадења со месо, а ако се послужат со салата можат да бидат и главно јадење.

За сите оние кои го сакаат вкусот на печени компири и сирење, а при тоа се љубители на едноставни и брзи рецепти, ние сме сигурни дека оваа идеја ќе ви се допадне.

Пробајте го овој домашен рецепт со сирење и по желба  можете да додадете магдонос. Освен што е вкусен, тој дава многу енергија и заменува цел оброк.

Состојки:

1 кг компири
200 гр свежо сирење
400 мл кисела павлака Пекабела
50 гр сувомеснато Пекабеско
сол
зачин
масло

Начин на подготовка:

Компирите излупете ги, исечкајте ги на парчиња и гответе ги 7-10 минути во солена вода. Сувомеснатото исечкајте го на коцки и кратко пропржете.

Подгответе прелив од сирење и павлака, посолете и добро измешајте.

Во намастен плех наредете ред компири кои сте ги посипиле со зачин. Преку ставете пропржено сувомеснато, половина од филот од сирење. Преку филот повторно наредете компири и залијте ги со чаша вода во која се готвеле компирите.

Посипете со зачин и прекријте со слој фил од сирење. Добро намастете и запечете 30 минути во рерна загреана на 180 степени.

Добар апетит!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.