Санкциите вклучуваат забрана за добивање дозвола за извоз во САД, како и замрзнување на имотот, но и визни рестрикции за директорот Демир и уште тројца вработени, пренесува „Ројтерс“.

Објавил: Рејхан Бајрами | 15 декември, 2020 7:12

САД воведоа санкции за Турција

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

САД воведоа санкции за турскиот Секретаријат за одбрамбена индустрија, неговиот директор Исмаил Демир, како и некои други вработени!

Администрацијата на Трамп во понеделникот воведе санкции против нејзиниот сојузник во НАТО Турција во врска со набавката на рускиот систем за противвоздушна одбрана, во силен потег против долгогодишен партнер што ги поставува основите за понатамошно соочување меѓу двете држави, додека новоизбраниот претседател Џо Бајден се подготвува да преземе функцијата.

Санкциите вклучуваат забрана за добивање дозвола за извоз во САД, како и замрзнување на имотот, но и визни рестрикции за директорот Демир и уште тројца вработени, пренесува „Ројтерс“.

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, изјави дека САД ѝ ставиле јасно до знаење на Турција дека купувањето на рускиот систем „С-400“ ќе ја загрози безбедноста на американската воена технологија и на персоналот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.