Медиумите се повикуваат на неименувани официјални претставници пишуваат дека нападите се спроведени со одобрение на американскиот претседател Доналд Трамп.

Објавил: Перо Милчин | 23 јуни, 2019 22:27

САД под наредба на Доналд Трамп стартуваше сајбер напади врз Иран!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Американската војска изведе сајбер напад на компјутерските системи на иранската армија, откако Американскиот претседател Доналд Трамп се предомисли од плановите да изведе војни удар на Иран поради оборањето на дронот на САД, соопштија денеска американските служби.

На сајбер нападот против Иран цел била иранските постројки за лансирање на ракети и на разузнувачката мрежа.

Американските медиуми се повикуваат на неименувани официјални претставници и известуваат дека нападите се спроведени со одобрение на американскиот претседател Доналд Трамп.

САД изведоа хакерски напад врз иранскиот вооружен систем во четвртокот, откако претседателот Трамп ја повлече одлуката за воздушен напад врз земјата како одговор на соборувањето на американскиот воен дрон, пренесоа американските медиуми.

Сајбер нападите врз иранските воени компјутерски системи, почнале веднаш откако Иран го урна американското беспилотно летало пред само два дена.

Информацијата за сајбер нападите доаѓа по изјавата на Трамп дека во последен миг се предомислил за конвенционален напад на воени мети во Иран.

„Вашингтон пост“ известува дека цел на хакерските напади биле компјутерите за контрола на лансирањето проектили и ракети, а „Јаху њуз“ пишува дека друг напад бил насочен против шпионската мрежа, што го надгледува минувањето на бродови низ Хормушкиот теснец.

Најверојатно овие хакерски напади биле испланирани  уште пред неколку недели, а американските воени претставници ги предложиле како одговор на нападите на нафтените танкери во Хормушкиот теснец.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести