Опсежна анализа на Конгресот на САД за односот на Србија, која може сама да си попречи кон ЕУ интеграциите со својата преголема блискост со Русија и Владимир Путин

Објавил: Мирко Бачиќ | 14 септември, 2018 14:32

САД: Русија може да го попречи патот на Србија кон ЕУ

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Русија би можела да го попречи патот на Србија кон европските интеграции, се оценува во извештајот на американскиот Конгрес, насловен како „Позадина и односите со САД”.

Денешен „Блиц“ наведува дека иако извештај треба да е насочен кон односите меѓу Србија и САД, голем простор во него е посветен на анализа на односите на Белград со Русија, како и со Косово и ЕУ. Меѓутоа.

Конкресот на САД во својот извештај именуван како “Позадина и односите со САД” го критикува официјален Белград дека поради големата блискост со Русија си ја загрозува иднината во семејството на држави во Европксата Унија.

Во секоја од анализите, без разлика дали е тоа за односот со САД, Косово или со ЕУ, се споменува и влијанието на официјална Москва, пишува „Блиц“.

Во текстот се наведува дека Србија е заинтересирана за купување на рускиот систем за противвоздушна одбрана С-300, како и можното отворање на Центарот за поправка на руските хеликоптер. Како што се заклучува во извештајот, со купувањето на оружје од страна на Србија се зголемуваат тензиите со соседните земји и се создава регионалната трка во вооружувањето.

Според авторите на извештајот, отворањето на Центарот за руски хеликоптерски во Србија, ќе биде исто како и да се отвора руска воена база на српска територија.

Пред две години, тогашниот руски вицепремиер Дмитриј Рогозин изјави дека Москва сака во Србија „да постои меѓународен или барем регионален сервисен центар за поправка на руски хеликоптери и оние од советско производство“.

Без разлика на тоа дали се воени или цивилни хеликоптери, рече Рогозин, по што за оваа тема барем јавно повеќе не се дискутираше.

Српскиот претседател воедно и претседател на владеачката СНП се оценува дека има премногу јавно искажани намери да одржува баланс во надворешната политика, и со ЕУ и со САД но и со Русија.

Неминовна тема за Американците е и Рускиот хуманитарен центар во Ниш, кој исто така е споменат во извештајот на Конгресот. Во него се посочува дека неговата работа предизвикува загриженост во САД и во ЕУ, бидејќи Москва низ Центарот суптилно ги спроведува разузнавачките и воените операции под покровителство на Кремљ, како и дека ги шпионира САД.

Во документ се потсетува дека Рускиот центар се наоѓа на локација што е релативно блиску до мировните сили на НАТО во Косово.

САД силно се спротивставуваат на барањето на Русија да им се даде имунитет на вработените во Центарот, со потсетување дека американските официјални претставници ја предупредиле Србија сериозно да размисли дали ќе им излезе во пресрет на ваквите руски барања.

Во извештајот се споменува дека руските агенти во Србија „спроведувале разузнавачки операции“ и дека биле стационирани во Белград.

Делот кој се однесува на преговорите Белград – Приштина притаено е одобрувачки во контекст на идејата на претседателите на двете држави со размена на територии да го решат проблемот кој се влече од 90-тите години.

Во делот кој ги анализира односите на Србија со Косово, се анализира политичката состојба од 90-тите години, па до денес, конфликтите, етничките чистења, текот на преговорите Белград – Приштина, како и возот со натпис „Косово е Србија“, која беше запрен пред преминување на српско-косовската граница.

Во извештајот се наведува дека и покрај тензиите меѓу Белград и Приштина, има промена, со тоа што косовските влкасти му дозволиле на српскиот претседател Александар Вучиќ да води кампања во Косово за претседателските избори во 2017 година.

Американските аналитичари посочуваат дека косовската Влада не очекувала Вучиќ да ја признае независноста на Косово, но се надевала дека ќе им направи отстапки со кои ќе се намалат тензиите и ќе се релаксираат односите.

Во основа на Конгресот на САД му смета фактот што надворешната но и внатрешната политика на Србија по основ на Косово, секогаш се базираат и на сугестии на Руската Федерација.

Се веруваше дека Белград ќе најде начин да ги нормализира односите со Приштина без експлицитно признавање на Косово, што на Косово би му се овозможило, на пример, да пристапи во УНЕСКО, се наведува во текстот.

Во документот на Конгресот се вели и дека во текот на летото се појавила идејата за „разграничување“, според која, косовските власти би се согласиле да отстапат делови на северорно Косово во замена за признавањето или на Прешевската долина.

Извештајот дава и рокови кога Србија би можела да влезе во ЕУ, посочувајќи дека разликите околу решавањето на косовското прашање ќе го забават српскиот евроинтегративен процес.

Во извештајот се потсетува и дека Србија нема воведено санкции кон Русија, поради што некои земји во ЕУ сериозно ја критикуваа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Израел и Хамас 16-ти ден ги продолжуваат борбите, појасот Газа на раб на хуманитарна катастрофа. Рано утрово Израел изврши воздушни напади врз јужниот дел на Газа и најави дека ќе ги интензивира нападите на северот. Владата на политичкото крило на Хамас објави дека најмалку 55 Палестинци биле убиени во текот на ноќта.

Израел е подготвен за копнената офанзива во Газа

Израел е подготвен за копнената офанзива во Газа. Тел Авив ги повика жителите на Газа...

Москва повторно ја надмина Саудиска Арабија како главен снабдувач на нафта во Кина. Блискоисточната земја извезла 60,1 милиони тони во вредност од 36,49 милијарди долари во наведениот период, а Ирак е на третото место, снабдувајќи 40,3 милиони тони во вредност од 23,04 милијарди долари.

Извозот на сурова нафта во Кина во август се зголеми за 30,7 проценти во споредба со јули и порасна за 42,7 отсто во однос на вредноста, достигнувајќи 5,8 милијарди долари.

Во 2022 година Кина го зголеми купувањето на руска нафта за 8,2 проценти и тоа достигна 86,2 милиони тони. Цената на суровата нафта увезена од Русија се зголеми за околу 43,9 отсто, што изнесува 58,37 милијарди долари.

Кина купува повеќе руска нафта откако традиционалните западни купувачи ја избегнуваа како дел од санкциите поврзани со војната во Украина. По минатогодишното ембарго на Г7 и ограничувањето на цената на руската нафта, Москва активно ги пренасочува своите нафтени текови кон Азија.

Кина го зголеми увозот на сурова нафта од Русија за 25 отсто годинава

Цените на нафтата достигнаа ново највисоко ниво од ноември, при што барел брент во...

Вучиќ рече дека вчерашната рунда дијалог во Брисел завршила неуспешно, бидејќи Приштина не го прифатила компромисниот предлог на ЕУ на патот кон нормализација на односите!

САД разочарани од неуспехот на дијалогот меѓу Белград и Приштина

САД изразија разочарување што не беше постигнат напредок во последната рунда од дијалогот...

Во Загреб цена на метар квадратен нов стан во првата половина од годината изнесува 2.623 евра, а просечната плата во Загреб е 1.303 евра.

Просечната цена на метар квадратен нов стан во Хрватска 2.200 евра

Просечната цена на метар квадратен нов стан во Хрватска во првата половина од годинава...